Свет
Кремљ: Приемот на Украина во НАТО само ќе ја влоши кризата на југоистокот
Киев само ќе ја влоши домашната украинска криза со својата одлука за влез во НАТО зашто оваа идеја е неприфатлива за луѓето што живеат во самопрогласените народни републики Донецк и Луганск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Длабоко се сомневаме дека тоа некако ќе ѝ помогне на Украина да се справи со својот внатрешен проблем. Од наша гледна точка тоа само ќе ја влоши ситуацијата уште повеќе бидејќи мислењата на луѓето не може да се занемарат на кој било начин кога зборувате за влез во НАТО. И ако побарате мислење од неколку милиони луѓе во самопрогласените републики, ќе сфатите дека таквото членство во НАТО е крајно неприфатливо за нив“, нагласи тој.
Претходно во вторникот, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека членството во НАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас.
Ситуацијата во Донбас се влоши кон крајот на февруари со речиси секојдневна размена на оган, особено со употреба на минофрлачи и фрлачи на гранати. Страните во конфликтот меѓусебно си ја префрлаат вината за ескалацијата.
Рускиот претседател Владимир Путин на 30 март одржа видеоконференција со својот француски колега Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел. Путин изрази особена загриженост за потезите на Украина за влошување на состојбата во Донбас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

