Македонија
Димитров: Смртта на Златко Божинов, овчарот од Кратовско, не смее да помине без одговорност и системски промени

Смртта на Златко Божинов, овчарот од Кратовско, не смее да помине без конкретна одговорност, ама не смее да помине и без сериозни системски промени за никогаш да не се повтори ваква трагедија, пишува на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Смртта на Златко Божиновски, овчарот од кратовско не смее да помине без конкретна одговорност, ама не смее да помине и…
Posted by Nikola Dimitrov on Tuesday, April 6, 2021
„Го објавувам името оти мислам дека овој човек и неговото име треба да одекнат како силен вресок за промени. Во изминатите денови добив многу пораки од познати и непознати граѓани, некои изненадени што носител на должност зборува (признава) за нефункционалност на институции, некои со поддршка и поттик за да се истуркаат промени, некои со скептицизам дека ништо нема да се стори.
Денеска веќе гледам дека мотото „да нема ненадлежни“ го преземаат и други. Тоа е добро. Да туркаме заедно. Вчера и денеска имав телефонски разговори и средби и со познавачи на состојбите на терен и со повиканите институции и она што го разбрав е дека недостига интегриран систем за одговор на барања за помош во итни ситуации. Тој празен простор е совршено алиби за префрлање на топката меѓу институциите и за непреземање ни акции ни одговорност.
Тука се потребни итни чекори – да се создаде еден центар што ќе раководи со делегирање надлежност при вакви ситуации. Наместо пет броеви, граѓаните во мака ќе вртат еден, па таму ќе се одговорни да најдат кој е одговорен. А повиците да се снимаат. Оваа работа мора да се истурка до крај и јас лично ќе вршам притисок сѐ додека не се заврши работата. За одговорност. За систем. Што поголем е притисокот, толку побргу ќе има резултати. Ќе си речете – ова не е моја работа, ама пораката што ја пратив дека не смее да има ненадлежни сакам да ја покажам токму преку овој пример.
Да, јас во оваа област немам директни ингеренции, ама тоа не ме лишува од одговорноста што ја чувствувам за да направиме промена што ќе спречи нова ваква катастрофа. Длабоко сочувство до семејството. Нека му е светол патот“, пишува Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кино сала, театар: Aеродромци за првпат ќе добијат културен центар

Општина Аеродром го добива првиот мултифунционален центар каде аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кино-проекции, мултимедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани, соопштија од општината.
Мултифунционалнит центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место со кое ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите.
Станува збор, како што појаснуваат надлежните, за целосна реконструкција и комплетно уредување на простор од околу 1500м2.
„Општина Аеродром со овој проект аплицираше на повикот на Владата и доби 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата.
Со реконструкцијата овој простор ќе биде целосно оплеменет. Покрај главна сала – гледалиште, ќе опфаќа и фоаје, бифе и едукативни простори-работилници. Исто така, ќе биде изграден и лифт со што ќе се реши пристапноста до содржините на мултимедијалниот центар за сите категории граѓани.
Гледалиштето во главната сала ќе има над 240 места за седење и дополнителен ред прилагоден за лица со посебни потреби во колички.
Општина Аеродром го добива својот прв мултифункционален центар со поддршка од Владата и од Министерството за култура и тиризам. Овој проект е од круцијално значење, затоа што аеродромци за првпат ќе добијат културен центар, што ќе внесе посебен и нов импулс во нивниот културен-забавен живот“, се истакнува во информацијата.
Македонија
Од септември ќе се наплаќа паркирањето во Реонски и во Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ подготвен за бележење на зоните

Најдоцна од крајот на септември паркирањето ќе се наплаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче, каде сега паркирањето е бесплатно. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вели дека за да почне наплата се чека одобрување на проектот.
„Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје меѓутоа во координација сме со нив. Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, се чека одобрување на проектот од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи по што веднаш ќе се спремни за бележење и поставување на информативни табли. Очекувам дека во наредниот месец до два, најдоцна до крајот на септември дека ќе почне да функционира во Ново Лисиче и во Реонски центар“, рече денес градоначалникот Митески.
Жителите на Ново Лисиче и Реонски центар бараа едновремено да почне наплата на паркирањето за да се избегне трупање во возила на местото во кое подоцна ќе биде воведено зонското паркирање. Тие постојано се жалат дека паркирањето во овој дел од градот станува невозможно за резидентите оти на паркинзите пред зградите паркираат и автобуси и комбиња и автомобили на луѓе кои работат во други општини во Скопје, каде што паркингот се наплаќа.
Македонија
Изминатиов викенд 1.148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата дури 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас, 17 заради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет.
Исто така, согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането заради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени заради техничка неисправност.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР..