Црна хроника
Жител од Дебар измамен и оштетен за 80.000 евра

Жител од Дебар бил измамен и оштетен од свои сограѓани откако претходно на еден од нив му позајмил пари во вредност од 80.000 евра, кои досега не му се вратени, известува МВР.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 6.4.2021, во 15 часот, во Одделението за внатрешни работи Дебар, 56-годишен маж од Дебар пријавил дека бил измамен од М. Д, К. С., двајцата од Дебар, и С. Н. од с. Велешта, Струшко, за сума од речиси 80.000 евра. Според пријавеното, во декември 2018 тој му позајмил пари на М. Д., кои до сега не му ги вратил.
Исто така, според пријавеното, С. Н. со посредство на К. С. се обврзал дека ќе го преземе долгот што М. Д. го имал кон него, а за таа цел требало да му исплати 32.000 евра за да ги ослободи хипотеката и сопственоста да ја пренесе на него.
Како што е пријавено, С. Н. како награда од пријавителот добил 13.300 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.