Македонија
Ангелов: Ги бараме пропустите и одговорноста за случајот во Кратовско, работиме на негово расветлување

Комисијата на Центарот за управуање со кризи работи на расветлување на случајот со извлекувањето од кратовско Емирица и укажа на слабостите на целиот систем. Ги бараме пропустите и бараме одговорност со цел да го отстраниме и да не се повторуваат во иднина, изјави претседателот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Ангелов најави поведување дисциплинска постапка доколу се утврди вина кај некој од учесниците во целата постапка.
Комисијата констатирала дека од оперативецот во Кратово не било побарано хеликоптер и не била известена Дирекцијата за заштита и спасување.
„Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за тоа ќе биде поведена дисциплинска постапка“, изјави Ангелов.
Најави дека ќе бара одговорнсот и дека во случајот треба да се слушнат сите страни за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и до Министерството за локална самоуправа.
Ангелов истакна дека од Министерството за здравство побарале да одговори што предвидуваат нивните протоколи во ваква или слична ситуација и дали членовите на лекарската екипа од брзата помош имале комуникација со ЦУК и што им било одговорено.
Од Министерството за локална самоуправа, според него, ќе бараат одговор зошто од институциите од локална власт не било испратено теренско возило и дополнителни сили за помош, како и зошто градоначалникот нe побарал ангажман на републичките сили за заштита и спасување и не се ангажирани силите и ресурсите на Територијалната противпожарна единица во Кратово.
Од МВР, рече Ангелов, бараме одговор зошто од полициските службеници не било обезбедено теренско возило и не бил побаран хеликоптер, како и детален извештај од разговорот на лекарската екипа и полициските службеници.
Според неговите податоци и од оние информации што досега се достапни, од страна на кратовската полиција е испратена понуда до екипата на брзата помош да бидат пратени неколку млади полицајци, кои би помогнале во извлекувањето на сега веќе починато лице.
Според него, оставката во оваа фаза би била еден вид дезертерство и затоа останува на функцијата за да направи целосна реформа на системот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.