Црна хроника
Скопјанец пронајден починат во викендичка во Катланово

Од МВР информираат дека едно лице било пронајдено починато во викенд-куќа во с. Катланово.
Од Министерството известуваат дека на 6.4.2021, околу 13 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во викенд-куќа во с. Катланово, Скопско, бил пронајден починат Т. П. (84) од Скопје.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник од Тетовско внесен во „бмв“ и тепан со метален предмет, кога успеал да избега му се заканиле со пиштол

Вчера вечер во 23 часот и по полноќ, во 01 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 56-годишниот Џ.Д. од село Гајре, тетовско и 52-годишниот Л.Д. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.
Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот.
Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д..
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична против маж од Гостивар: поради незадоволство од судска одлука се заканувал на судија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.О.(66) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 29.04.2025, поради незадоволство од судска одлука, пријавениот упатувал закани на М.П. – судија во Основен суд Гостивар во неговата куќа во с.Вруток, гостиварско.
Црна хроника
Ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот: кривична пријава против 22-годишна жена од Македонска Каменица

СВР Штип поднесе кривична пријава против 22-годишната Л.С. од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
На 27.04.2025 во семејниот дом, пријавената физички ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот, по што се обидела со остар предмет да го нападне сопругот.