Црна хроника
Кривична пријава за палење трски и насипување шут на струшкото крајбрежје
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во заедничка координација со струшката полицијата во март обезбедил докази против лице кое ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја.
На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска.

„Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот“, велат од ДИЖС од каде што додаваат дека постојано работат на откривање и санкционирање на уништување на природното наследство на струшкото крајбрежје.
Во одонос на овој случај, подготвена е кривична пријава што е доставена до надлежното Јавно обвинителство поради загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.
За ова кривичлно дело предвидена е казна затвор од три месеци до три години, посочуваат од ДИЖС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

