Македонија
Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица
Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 452, Битола – 85, Куманово – 80, Прилеп – 49, Кавадарци – 45, Велес – 41, Струмица – 36, Охрид – 33, Тетово – 30, Штип – 27, Кичево – 22, Гостивар и Кочани – по 21, Гевгелија – 18, Струга – 15, Ресен – 13, Радовиш – 11, Делчево – 10, Дебар и Берово – по 8, Свети Николе, Крива Паланка и Пробиштип по 7, Дојран – 6, Неготино, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 5, и Валандово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 4, Демир Капија – 3, Крушево и Пехчево по – 2, Кратово – 1.
Регистрирани се 2.003 оздравени пациенти од: Скопје – 1.145, Кавадарци – 147, Охрид – 101, Неготино – 81, Струга – 71, Куманово – 57, Прилеп – 53, Битола и Велес по – 43, Тетово – 34, Штип -32, Гостивар – 27, Струмица – 26, Гевгелија – 23, Делчево – 17, Крива Паланка – 15, Кичево – 14, Кочани – 10, Берово и Демир Капија по – 9, Ресен – 7, Свети Николе и Радовиш по – 6, Пробиштип, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 5, Виница и Крушево по – 3 и Дојран – 1.
Пријавени се вкупно 32 починати лица: 10 од Скопје (91г , 83г , 65г , 79г , 2 лица по 74г, 72г, 70г, 63г и 60г), по 2 починати пациенти од Куманово ( 73г и 65г), Прилеп (90г и 81), Тетово (77г И 74г), Гостивар (78г и 48г), Кавадарци (70г и 46г), Гевгелија (66г и 61г) и Виница (67г и 64) и по 1 починат пациент од Битола (88г), Берово (76г), Велес (81г), Крива паланка (61г), Неготино (61г), Охрид (81г), Свети Николе (70г) и Штип (64г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 5.569 тестови преку: ИЈЗ-673, ЦЈЗ Скопје-124, ЦЈЗ Битола-107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–11, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–69, МАНУ-154, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Авицена-368, Биотек-473, Систина-338, лабораторија Лаор-1044, Синлаб – 209, Ремедика-99, Плодност – 78, Генеа – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.529.
Досега во земјата се направени вкупно 666.091 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 62.909, активни 10.139
Куманово 7.599, активни 1.257
Прилеп 7.583, активни 1.061
Тетово 6.680, активни 695
Битола 5.289, активни 1.326
Велес 4.976, активни 847
Гостивар 4.842, активни 526
Кавадарци 4.806, активни 624
Штип 4.553, активни 492
Охрид 4.516, активни 831
Струмица 3.601, активни 522
Струга 2.803, активни 241
Кочани 2.452, активни 305
Кичево 2.226, активни 318
Неготино 2.051, активни 279
Гевгелија 2.029, активни 419
Свети Николе 1.363, активни 141
Крива Паланка 1.142, активни 99
Ресен 1.129, активни 242
Радовиш 1.000, активни 155
Берово 939, активни 131
Делчево 894, активни 97
Дебар 888, активни 63
Пробиштип 733, активни 79
Виница 684, активни 102
Валандово 589, активни 100
Крушево 449, активни 122
Богданци 444, активни 76
Демир Капија 385, активни 60
Демир Хисар 347, активни 55
Кратово 342, активни 28
Македонски Брод 331, активни 49
Пехчево 241, активни 25
Македонска Каменица 216, активни 14
Дојран 126, активни 22
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ прашува кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони
„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и функционерите Александар Николовски, Јохан Тарчуловски и Бојан Томовски.
Според СДСМ, соочени со, како што тврдат, сопствената одговорност, претставниците на власта започнале медиумска кампања и лицитирале со наводно запленети 100 тони марихуана, за која велат дека била нелегално произведена.
„Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“, наведуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што, според нив, е еднакво на повеќе од 40 фудбалски стадиони, и прашуваат кој дозволил толкава површина да се одгледува во државата и зошто не била направена ниту една теренска контрола.
СДСМ прашува и како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога да се транспортира, складира и пакува, како и што правеле АНБ и АР. Во соопштението се поставува и прашањето како 5 тони дрога поминале преку граница, покрај системот „Сејф сити“, скенери, контроли, полиција и царина.
„Нема одговор на овие прашања затоа што одговорноста за нарко-скандалот е во врвот на власта. СДСМ нема да дозволи овој нарко-скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението.
Македонија
Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.

