Црна хроника
Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин
Поголемо пакување со хероин било пронајдено кај две лица од Прилеп, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму објаснуваат дека, вчера, во попладневните часови, на автопатот Скопје – Велес, во близина на наплатната рампа кај с. Сопот, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А. К. (44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опел зафира“, во кое сопатник бил А. Т. (30) од Прилеп.
При извршен преглед кај нив било пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.
Лицата се приведени во полициска станица и по насока на јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело казниво по Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

