Спорт
Медведев: Зарем КОВИД ќе исчезне за една недела?
Светскиот рекет број 2, Русинот Данил Медведев вели дека е бизарна одлуката да се одложи стартот на Франција опен една недела, велејќи дека тоа нема да има никаква врска во земјата која е погодена од „третиот бран“ на корона вирусот.
Франција по третпат воведе „локдаун“ минатата недела во обид да се намали бројот на заразени, со полициски час од 19 часот до 6 часот наутро, по што организаторите на Ролан Гарос, Француската тениска федерација (ФФТ) го одложи турнирот за една недела со старт на 30 мај.
„Навистина сум изненаден. Каква врска има ако играме една недела подоцна. Ти дава чувство дека за една недела ќе исчезне КОВИД. Не сум сигурен дека нешто ќе се смени и навистина е смешно. Не ја критикувам федерацијата, туку самата ситуација“, вели Медведев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рибакина го освои Завршниот мастерс
Елена Рибакина е победничка на Завршниот мастерс во Ријад. Во финалето беше подобра од Арина Сабаленка со 6:3, 7:6.
Рибакина стигна до својата нова титула во кариерата, а особено сега добива на вредност, бидејќи во финалето ја победи тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка.
Еден брејк го одлучи исходот од првиот сет. Додека во вториот сет, воопшто не немаше брејк, па конечниот исход дојде по тај-брејк, во кој Рибакина ги освои сите поени.
Ова е нејзина 11-та титула во кариерата, и прва на Завршниот мастерс.
CHAMPION in Riyadh! 🏆
Elena Rybakina captures the WTA Finals title, defeating Sabalenka 6-3, 7-6(0) 🙌#WTAFinalsRiyadh pic.twitter.com/jYP48SWTBh
— wta (@WTA) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Евертон го надигра Фулам, Вест Хем го победи Барнли
Фудбалерите на Евертон и Вест Хем забележаа победи во натпреварите, во Премиер лигата, кои започнаа во 16 часот.
Евертон го победи Фулам со 2:0 во натпреварот од 11-то коло од Премиер лигата на стадионот „Фил Дикинсон“.
Интересен меч одиграа „карамелите“ против гостите од Лондон, Славеа со головите на Идриза Гана Геј во првото и Мајкл Кин во второот полувреме.
На овој натпревар ВАР-от му поништи три гола на Евертон.
Вест Хем се врти во живот со новиот тренер, Нуно Еспирито Санто. Откако во минатото коло го победија Њукасл, „чеканите“ во 11-та рунда славеа над Барнли со 3:2.
Гостите водеа од 35-та минута со голот на Ијан Флеминг. Вест Хем одговорија со три гола.
Изедначи Калум Вилсон, пресвртот го комплетира Томаш Соучек, а Кајл Вокер-Питерс удри печат на победата.
Спорт
(Видео) Унион стави крај на перфектната серија на Баерн
Ниту еден од водечките три тима во Бундес лигата не успеа да победи во 10-то коло. Најголемото изненадување се случи во Берлин, каде Баерн во 93-та минуа се спаси од пораз пртотив Унион.
Перфектната серија од 16 победи во исто толку натпревари, во сите натпреварувања, на Баерн Минхен заврши во Берлин. Во 10-то коло, Унион и Баерн одиграа 2:2.
Данило Дуки е апсолутен херој на Унион, ги постигна двата гола за својот тим. Погоди во 16-та минута за 1:0, а десетина минути подцна изедначи Луис Дијаз. Нова предност на Унион, Дуки му донесе во 83-та минута.
Сепак, Унион не успа да дојде до историската прва победа против Баварците. Во 93-та минута Кејн погоди за конечни 2:2.
Борусија Дортмунд, во Хамбирг остана без планираната победа во 98-та минута.
Единствениот стрелец за Дортмунд беше Чуквуемека во 64-та минута од натпреварот. А бодот за ХСВ го донесе Кенигсдорфер во судиското продолжение.
По поразот од Баерн во првото коло, Лајпциг влезе во серија од осум натпревари без пораз, која во саботата заврши на гостувањето кај Хофенхајм.
Лајпциг поведе со голот на Диоманде, но тимот од Зинсхајм, експресно направи пресврт.
Прво Хајдари, а потоа и Ламперл го доведоа својот тим до водство на полувремето.
Во вториот дел од натпреварот, Промел ја потпиша победата на Хофенхајм, кој сега е на петтото место со само три бода помалку од Лајпциг, кој е трет.
Баер Леверкузен го искористи киксот на водечката тројка и ја намали разликата со убедливата победа над Ханденхајм од 6:0.
Партик Шик започна сè во втората минута. Чехот беше и стрелец во 22-та минута од натпреварот, додека Јонас Хофман погоди во 16-та минута, односно Ернест Поку и Ибрахим Маза.
По оваа победа, Леверкузен е на четвртото место на табелата.

