Свет
СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме
Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално.
Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот на пациенти и смртни случаи во наредните недели и покрај сите напори да се стави пандемијата под контрола со забрзана вакцинација. Според најновите податоци, преносот на вирусот воопшто не се намалува со посакуваната брзина.
Највисоките претставници на СЗО веруваат дека светот е во критична точка поради експоненцијалниот раст на бројот на заразени и покрај нивните напори од страна на државите и нивните влади да го спречат ширењето на Ковид-19, пренесува „Спутник“.
На последната панел-дискусија на СЗО одржана во понеделникот во Женева, бројот на нови случаи на коронавирус во светот достигна загрижувачко ниво.
„Се наоѓаме во критична точка во врска со пандемијата“, беше речено на дискусијата, на која беше посочено дека минатата недела се евидентирани речиси 4,4 милиони нови случаи.
„Ова не е ситуацијата во која сакаме да бидеме кога имаме широкораспространети мерки. Сега е време кога секој од нас треба да застане и да се запраша што треба да направиме“, велат експертите на СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.
Свет
(Фото) Нарачале бифтеци и двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра
Италијански ресторан обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.
Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.
На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.
Плаќањето беше одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во ресторанот додека таа „тргнала по друга картичка“, пишува Дејли мејл.
Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.
„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјави менаџерот Тајрон Рис.
Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“.
Случајот подоцна го пријавил во полиција.
Свет
(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат
Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи.
Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот.
Стотици домови се оштетени, а речиси 10.000 луѓе се без струја по торнадото што избувна низ делови од Омаха, Небраска.
Tornado that hit Elkhorn, NE. #tornado #elkhorn #ne #omaha pic.twitter.com/7nqKSGdYZV
— Alex freed (@freezymfe) April 27, 2024
Регистрирани се неколку торнада, но најпогодени се северозападните предградија на градот со 485.000 жители.
Tornado damage in Iowa 🇺🇸 pic.twitter.com/RBv3lJm1sw
— The Watchman (@nspiass) April 27, 2024
Националната метеоролошка служба претходно соопшти дека вителот се формирал северно од Вејверли и се движел североисточно нешто по 15 часот.
— Pluton (@Pluton45873221) April 27, 2024
Торнада беа забележани и во Ајова, Канзас, Вајоминг и Колорадо.
На источната страна на државата се очекува да се развијат други бури, кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд.