Црна хроника
Казни за 109 возачи во Скопје, 30 за брзо возење
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 30, три прекршоци биле изречени за возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени биле четири казни за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на црвено светло и пет санкции за непрописно паркирани возила.
Од МВР предупредуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат, граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Група деца со пиротехника оштетиле автомобил во Центар
Група малолетници пред два дена во Центар, Скопје, фрлале пиротехнички средства и оштетиле автомобил.
Возилото било во сопственост на фирма од населбата Илинден.
Се работи на расчистување на настанот, велат од МВР.
Црна хроника
Со автомобил удрено 15-годишно девојче на улица во Скопје
Синоќа на булеварот Александар Македонски’ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје.
„Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа со возило на МВР
Утрово околу 6 часот на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, автомобил во сопственост на МВР, управуван од В.П.(26) доживеал сообраќајна незгода.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници А.В.(30) од с.Инџиково, скопско и А.Х.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.
Извршен бил увид.