Свет
СЗО бара да се забрани продажбата на диви животни на пазарите
Светската здравствена организација повика да се забрани продажбата на живи диви животни на пазарите за да се запре ширењето на коронавирусот.
„Животните, особено дивите, се извор на повеќе од 70 проценти од сите нови заразни болести кај луѓето, од кои повеќето се предизвикани од нови вируси“, се наведува во соопштението.
Дивите цицачи се особено опасни и претставуваат најголем ризик од зараза, се додава во соопштението.
Апелот на СЗО следуваше по заедничката студија на СЗО и Кина за потеклото на Ковид-19, објавена во извештај минатиот месец, во кој се наведува дека пазарот на кој се продаваат и живи и мртви животни е веројатно изворот на пандемијата.
Минатата година СЗО истакна дека смета оти мокрите пазари не треба да се затвораат и покрај ризикот од инфекција. Тие посочија дека треба да се подобрат условите на мокрите пазари, но дека таквите пазари не треба да се затвораат.
Инаку, од самиот почеток се веруваше дека коронавирусот почна да се шири од мокриот пазар во кинескиот град Вухан.
На почетокот на пандемијата СЗО се фокусира на мокрите пазари како веројатен извор на пандемијата по посетата на нејзините експерти на Вухан, каде што врз основа на податоците што им ги дадоа Кинезите, ја исклучија можноста вирусот да избегал од лабораторијата.
Заедничката студија за потеклото на Ковид-19 вели дека пренесувањето на вирусот од лилјаци на луѓе преку друго животно е најверојатното сценарио за развој на болеста и дека пропуст во лабораторијата е малку веројатна причина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.
„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025

