Црна хроника
Глоби за непочитување на полицискиот час во Скопје
Две лица од Скопје го прекршиле полицискиот час и без дозвола се движеле на разни локации во градот, информираат надлежните.
Поради ваквата ситуација, скопското Јавно обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двајцата обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.
ОЈО поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица поради сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетите, во два одвоени кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час, определен како мерка за сузбивање на опасната заразна болест. Без да поседуваат дозвола за тоа, тие се движеле на разни локации во градот, при што биле затекнати од овластени службени лица, објаснуваат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка претепана од сопругот
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 08.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К.(39) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж најден починат во штала во Росоман
Педесет и шестгодишен маж бил најден починат во штала во Росоман во близина на игралиште.
Телото на мажот (М.С.) било најдено вчера, а според информациите од МВР, тој таму престојувал како безомник.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Засега нема информации за причините за смртта на човекот.
Црна хроника
Група деца со пиротехника оштетиле автомобил во Центар
Група малолетници пред два дена во Центар, Скопје, фрлале пиротехнички средства и оштетиле автомобил.
Возилото било во сопственост на фирма од населбата Илинден.
Се работи на расчистување на настанот, велат од МВР.