Европа
(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација, властите почнаа да ја ублажуваат постојната блокада на 12 април.
Градините на угостителските објекти беа отворени синоќа првпат откако Велика Британија беше заклучена од 5 јануари, кога милиони луѓе живееја под ограничувања на ниво 4.
Продавниците, фризерските салони, спортските сали и зоолошките градини исто така повторно се отворија во Англија, а некои правила беа олабавени и во Шкотска и Велс.
Meanwhile, in London… pic.twitter.com/diX4rUmgT8
— James Melville ? (@JamesMelville) April 12, 2021
Во лондонски Сохо локалното население можеше да види како Вест Енд повторно се враќа во живот.
Улиците беа преполни, а патиштата затворени за да се добие повеќе простор за пиење на отворено.
Полицијата беше присутна, но не интервенира да спроведе социјално дистанцирање.
Многу луѓе рекоа дека метежот не им пречи и дека не се загрижени за ризикот од ширење на Ковид-19. Некои веќе се вакцинирани, а други направија брзи тестови од претпазливост пред да излезат, пишува Би-би-си.
Процесот на имунизација во Велика Британија е во нагорна линија, а досега се вакцинирани 47 проценти од населението. Минатата недела Англија објави постепено укинување на блокадата од 12 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин