Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај поранешната градска болница во Скопје, едно лице почина
Едно лице почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера кај поранешната градска болница во Скопје.
Според информациите на МВР, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од Б. М. (37) од Скопје, и „шкода октавија“, управувана од Ј. В. (50) од Скопје.
По незгодата, кај сопатникот во „мерцедесот“, Е. М. (70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во болницата „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, а кај другиот сопатник, Б. И. (46) од Скопје, и возачот на другото возило Ј. В. биле констатирани телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

