Контакт

Регион

Уапсен словенечки државјанин, превезувал 33 мигранти од Пакистан

Објавено пред

Дваесет и двегодишен словенечки државјанин е уапсен откога бил фатен во комбе со кое превезувал 33 пакистански мигранти, соопшти денеска полициската управа на Љубљана.

dobivaj vesti na viber

Полицијата запре комбе на автопатот А1 во близина на Врника, југозападно од Љубљана, додека возеше во правец на Копер.

При претрес на возилото биле откриени 33 пакистански државјани, а мигрантите илегално ја минале границата.

Возачот, кој доаѓал од подрачјето на Крањ, бил уапсен, а постапките со мигрантите сѐ уште траат, објави полицијата.

Регион

Експерти: Настрешницата во Нови Сад била 23 тони потешка од дозволеното

Објавено пред

Конструкцијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица, била за 23,11 тони потешка од првично проектираната, се вели во извештајот на вештачењето, пренесува Н1 Србија.

dobivaj vesti na viber

Имено, Техничкиот факултет во Нови Сад – отсек за градежништво и геодезија, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, изврши вештачење на зградата на Железничката станица во Нови Сад, со цел да се утврди причина за уривање на настрешницата.

Според мислењето на вештото лице, меѓу другото се наведува дека „конструкцијата на настрешницата во моментот непосредно пред кршењето била оптоварена со оптоварување што е поголемо од првично проектираното за околу 107 кг/м2, т.е. за околу 23,11 тони“, пишува Н1 Србија.

Стручниот тим на експерти во извештајот наведува и дека „тие сметаат дека визуелните индикации за такво нешто мора да биле забележливи во деновите пред уривањето на настрешницата“.

„Клучниот конструктивен елемент за обезбедување на носивоста и стабилноста на настрешницата, бил во состојба на намалена носивост и зголемено оптоварување во моментот на уривањето“, наведуваат од Факултетот во заклучоците на пресметковна анализа.

„Намалената носивост ја потврдија резултатите од лабораториските испитувања на Институтот ИМС, според кои, во моментот непосредно пред уривањето, околу 40 отсто од жиците во затегнувачите биле во дефект. Причината за ваквата состојба била корозија која настанала на спојот на затегнувачот и кровниот носач. Овој дефект можел да се утврди со увид на конструкцијата при контролни проверки пропишани како дел од редовното одржување на објектот“, се наведува во заклучокот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Пожар на главната железничка станица во Софија: најмалку 4 лица загинаа,

Објавено пред

Најмалку четири лица го загубија животот во пожар што рано утринава избувна во вагон на Главната железничка станица во Софија. Пожарот бил пријавен во 2 часот и 35 минути, поради што на лице место се испратени две противпожарни единици со вкупно 14 пожарникари, објави Новините.

dobivaj vesti na viber

Според директорот на софиската противпожарна служба, вишиот комесар Веселин Гетов, пожарот најверојатно настанал поради невнимание со отворен пламен во последниот вагон на возот.

„По гаснењето на пожарот, најдовме четири мртви лица во возот“, потврди тој.

Првичните сознанија укажуваат дека пожарот го предизвикале бездомници кои во текот на ноќта влегле во вагонот.

Очевидци од областа потврдуваат присуство на бездомници кои често ја користат станицата и нејзините возови за да се засолнат.

Пожарот избувнал во еден од вагоните на возот кој требало да оди кон Петрич во 7 часот и 30 минути.

Покрај загинатите, тешко повредени се и двајца мажи кои се пренесени во Универзитетската болница Пирогов.

Двајцата на возраст од 35 и 65 години се на одделението за токсикологија и се во критична состојба поради вдишување чад.

Прикажи повеќе...

Регион

Тешка сообраќајна несреќа во Србија, едномесечни близнаци се борат за живот

Објавено пред

Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад тешко се повредени две едномесечни близначиња, а српски Телеграф пишува дека во болница се пренесени и двајца мажи и една жена.

dobivaj vesti na viber

Од Детската болница во Нови Сад соопштија дека две девојчиња се примени со исклучително тешки повреди опасни по живот и се на интензивна нега на детска хирургија.

Екипата на итната помош од Нови Сад згрижила и транспортирала 43-годишен маж, 34-годишен маж и 34-годишна жена.

На местото на несреќата пристигнале итните служби и пожарникарите, а сообраќајот бил во прекин.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Необичен триаголен авион снимен во Кина, за што станува збор

Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како и одговорните за безбедноста, беа изненадени од видеата од кинеската провинција Ченгду. На...

Регион7 часа

Експерти: Настрешницата во Нови Сад била 23 тони потешка од дозволеното

Конструкцијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица, била...

Регион7 часа

(Видео) Пожар на главната железничка станица во Софија: најмалку 4 лица загинаа,

Најмалку четири лица го загубија животот во пожар што рано утринава избувна во вагон на Главната железничка станица во Софија....

Македонија7 часа

Неработни денови за 2025 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ број 21/98 и 18/07) во 2025 година...

Регион7 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Србија, едномесечни близнаци се борат за живот

Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад тешко се повредени две едномесечни близначиња, а српски Телеграф пишува дека во болница...

Македонија8 часа

Помилувања од претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а...

Свет8 часа

(Видео) Сиднеј со спектакуларен огномет влезе во 2025 година

Во Сиднеј со спектакулаен огномет почна 2025 година. Happy New Year 2025 from Sydney, Australiapic.twitter.com/IYLD7RZDmU — Massimo (@Rainmaker1973) December 31,...

Забава9 часа

Јадете умерено и не пазарете импулсивно – препораки за правилна исхрана за време на празничните денови

Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци не е лесно да се придржуваме...

Македонија10 часа

МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница за поранешниот директор на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП, бесплатен јавен превоз за студентите ќе има

Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. „Имајќи ја...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка....

Скопје15 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката...

Свет15 часа

Шест лица ранети во престрелка во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче

Шест лица се ранети во пукање во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска...

Македонија15 часа

ДУИ: Првиот премиер Албанец во Северна Македонија е момент што ја одбележа 2024 година

„Додека стоиме на прагот на новата година, важно е да размислиме за патувањето низ 2024 година — година што започна...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со Груби, Деспотовски и Ковачевски милиони се испумпани од државата

„СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото. Изминатиов период на виделина излегоа...

Свет16 часа

Полска утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе...

Топ16 часа

29-годишен Кумановец држел големо количество забрането оружје во канал кај Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега...

Свет16 часа

Сеул: Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони како надградба за нуклеарен арсенал

Северна Кореја започна со изградба на фрегата тешка 4.000 тони опремена со вертикален систем за лансирање како дел од надградбата...

Свет17 часа

Ким Џонг-ун: 2025 година ќе биде година на голема победа за руската армија и народ

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во својата новогодишна честитка до рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северна Кореја е...

Македонија1 ден

Ахмети тврди дека нема детали за локацијата на Груби откако вчера рече дека е на албанска територија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека не знае каде се наоѓа поранешниот вицепремиер, Артан Груби, откако вчера за неговиот...