Вести
Најмалку 89 загинати во самоубиствениот напад во Авганистан

Најмалку 89 лица се убиени а повеќе десетици се ранети во вторникот во самоубиствениот напад со автомобил бомба врз посетуван пазар во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, објавија ноќта кон средата локалните власти.
Владини официјални извори наведуваат различни податоци за настрадани, при што во некои извештаи се наведуваат дури 89 загинати, пренесува Associated Press повикувајќи се на портпаролот на министерството за одбрана генералот Мохамад Захир Азими, кој додал дека уште 42 лица се ранети. Според него, уништени се 20 објекти и десетици возила.Портпаролот на министерството за внатрешни работи, пак, изјави дека експлозивот бил сместен во камион кој полицијата не успеала да го запре.Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот сокриен во автомобилот паркиран во близина на џамија и пазарот во округот Ургун во покраината источната покраина Пактика. Службеникот на локалната управа Разак Кароти изјави за AFP дека експлозијата била толку силна што биле уништени повеќе десетици блиски дуќани и станбени објекти. Ноќта во вторникот, според овој извор, било утврдено дека билансот од овој терористички напад е 41 загинат, меѓу кои се десетина деца и имамот на локалната џамија, а во еден од најкрвавите напади изведени последните години во Авганистан повеќе од 60 луѓе се ранети.Кабинетот на авганистанскиот претседател на заминување Хамид Карзаи во соопштение го осуди нападот и оцени дека е „непростливо“ тоа што е изведен во текот на светиот муслимански месец на постот Рамазан.Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад кој според авганистанските безбедносни сили ги носи сите обележја на талибанските самоубиствени напади.Во вторникот во авганистанската престолнина Кабул се случи уште едена експлозија во моментот додека минувала колона возила со службеници од кабинетот на претседателот при што загинаа две лица а пет беа ранети. Нападите во Авганистан се зачестени додека меѓународните сили предводени од НАТО и САД се подготвуваат за постепено повлекување од земјата во којашто расте бројот на цивилните жртви. Обединетите нации минатата седмица објавија во својот полугодишен извештај дека од 1-ви јануари до 30-ти јуни 2014 година забележале 4.853 цивилни жртви. Меѓу нив 1.546 загинале, што претставува 17 отсто повеќе од истиот период минатата 2013 година, а ранети се 3.289, што е за 28 отсто повеќе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.