Македонија
Во Велес се градат станови за социјално загрозени семејства
Зграда во Велес ќе овозможи дом на 29 семејства од социјално ранливите категории граѓани, известува Министерството за транспорт и врски.
Од таму дообјаснуваат дека рокот на изградба е мај 2022 година, а вредноста на договорот е речиси 42 милиона денари.
Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и генералниот директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, објектот е уште една потврда за грижата на државата за решавање на станбеното прашање на лицата на кои им е најпотребно.
„Во моментот во објектите од овој тип се работи на 650 станбени единици. Годинава, во буџетот на Министерството беа предвидени 134 милиони денари за реализација на овие проекти. Минатогодишните средства за оваа намена беа целосно искористени, што е исклучително добар пример и потврда за успешно менаџирање на работите од страна на генералниот директор Трајковски и воопшто на АДИССДП“, рече Бочварски.
Според Трајковски, завршени се постапките за уште 3 социјални згради, а во тек е избор на изедувач на објект од ваков тип во Дебар.
На прашањето дали се размислува за обезбедување станови за привремено сместување семејства што немаат каде да се сместат бидејќи нивните станови или куќи биле опожарени, Трајковски одговори дека веќе имало вакви случаи и на тие лица.
Преку распределба од страна на Комисијата за станбени прашања им било овозможено привремено сместување во објектите со кои стопанисува Друштвото.
„Сите лица што се соочиле со несреќа од ваков тип треба да се обратат до подрачните единици на претпријатието, каде што нашите вработени ќе ги упатат како да го остварат ова право“, рече Трајковски. Посочувајќи дека грижата за социјално ранливите категории граѓани е приоритетна за Друштвото, рече дека во моментот заедно со Министерството за транспорт и врски се работи на ново законско решение. Со него се предвидува полесен начин за откуп на социјалните станови опфатени со претходниот проект Ф/П 1340, како и на општествените станови ,и тоа во насока на пониски каматна стапки и поголем број рати за отплата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

