Свет
Јавниот обвинител на Аризона ја тужи администрацијата на Бајден за политиките за миграција

Јавниот обвинител на Аризона, Марк Брнович ја тужи администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, велејќи дека сака да ја принуди да продолжи со изградба на ѕидот на јужната граница на САД и да ја врати политиката на администрацијата Трамп „Остани во Мексико“, пренесува „Њујорк пост“.
Во тужбата се тврди дека политиката за миграција на администрацијата на Бајден е во спротивност со Националниот закон за заштита на животната средина поради нелегални мигранти кои расфрлаат отпад на границата и затоа што зголемувањето на населението ќе доведе до „ослободување на загадувачи, јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата, што директно влијае на квалитетот на воздухот “.
„Мислам дека е императив да сториме сè што можеме за да се обидеме да се справиме со кризата на нашата граница, затоа ги користам алатките што ги имам во моето поле“, вели тој.
Брнович вели дека демократите користеле слични тактики во минатото за да запрат изградба на автопати, проширување на аеродроми итн.
Тексас и Мисури исто така ја тужат администрацијата на Бајден, оспорувајќи ја нејзината имиграциска политика, велејќи дека има пораст на криминалот во нивните држави поради враќањето на политиката „Остани во Мексико“.
Бајден, непосредно по стапувањето на должноста, прекина многу од имиграциските мерки на Трамп, вклучувајќи ја изградбата на ѕидот на границата со Мексико. Администрацијата на Трамп успеа да изгради 400 милји челична ѕидна конструкција и покрај долгите судски битки и противењето на Конгресот.
Минатата недела податоците на ЦПБ покажаа дека бројот на приведувања на границата со САД пораснал за повеќе од 70 отсто во март. Забележаните 172.331 мигрантски приведувања претставуваат највисок месечен број во повеќе од две децении, а администрацијата на Бајден е на пат да го надмине претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година со над 977.000 приведувања. Бајден и другите претставници на администрацијата тврдат дека бранот е сезонски.
Трамп мораше да прогласи вонредна состојба во февруари за да обезбеди средства за изградба на ѕид на границата со Мексико откако масовните мигрантски каравани од земјите од Централна Америка кои бараат азил почнаа да се движат кон САД преку Мексико есента 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ: Конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација

Кремљ денеска предупреди дека конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација, повикувајќи ги сите страни на воздржаност.
Портпаролот на Кремљ рече дека Русија во моментов не ја гледа подготвеноста на Израел за посредување или мирно решавање на конфликтот.
Русија, исто така, им нуди на своите граѓани можност за евакуација од Иран преку Азербејџан поради зголемените тензии.
Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжува да врши воени злосторства и да лансира ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран, кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало мајка си

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откога го зело пиштолот на татка си, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и во раката. Потоа таа станала, но набргу паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а таткото го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето, најверојатно, ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција, Даниеле Фелисмино, потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите сè уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи му изразија сочувство на семејството.