Европа
ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.
„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лаен.
Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе почне во текот на месецот. Со забрзувањето на испораката „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки пропорционално на населението.
Фон дер Лаен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информациската РНК, нова технологија, која ја докажа својата вредност.
„Сега влегуваме во преговори со ‘Бионтек/Фајзер’ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година“, рече претседателката на Комисијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.