Европа
Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што може да се направи на станицата пред патувањето помеѓу Рим и Милано, без попатни станици.
Два воза наречени Freccia rossa covid free („Црвена стрела“) од денес превезуваат патници на релација Рим – Милано. Возот тргнува од Рим во 8.50 часот, а од Милано во 18 часот.
За да може патниците да се качат на тие возови, треба да покажат негативен тест, молекуларен или антиген, што го направиле 48 часа пред патувањето.
Патниците мора да пристигнат на станицата 45 минути порано со цел навремено да регулираат сѐ што е потребно за тестовите.
Возовите ќе возат со капацитет од 50 проценти и покрај тоа што сите патници треба да имаат негативен тест. По оваа рута, можно е набргу да бидат воведени и нови.
Лицата што биле вакцинирани исто така мора да покажат негативен тест или да бидат тестирани пред поаѓање. Доколку тестот е позитивен, на луѓето што купиле билет ќе им бидат вратени парите.
Сите вработени во овие возови ќе мора да прават тест секој пат пред патување. Кога се резервираат билети преку интернет, возовите што се „ковидфри“ се обележани со жолт триаголник.
Овие возови се санирани, имаат гел за дезинфекција, комплет за клиенти, кој вклучува маска, гел и вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари 2022 година биле правилни, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој го изјави ова отворајќи го состанокот со командантите на групите на сили во Санкт Петербург, пишува ТАСС.
Путин истакна дека фактот што „жителите на тие региони со огромно мнозинство гласаа за својата иднина како дел од Русија ја потврдува исправноста и актуелноста на одлуките донесени на почетокот на војната“.
Рускиот претседател, исто така, потсети дека 30 септември го означува „Денот на повторното обединување“ на самопрогласената Донецка Народна Република и Луганска Народна Република и (делови од) Запорошката и Херсонската област со Руската Федерација.
фото: принтскрин