Свет
Тројца германски принцови поканети на погребот на принцот Филип

На списокот со 30 избрани членови на семејството на кои им било дозволено да присуствуваат на погребот на принцот Филип, имало и тројца германски принцови, кои војводата лично ги избрал да ги претставуваат неговите роднини на неговиот погреб.
На нивните родители им било забрането да присуствуваат на венчавката на принцот Филип и кралицата Елизабета, благодарение на повоената нервоза што владеела во Бакингемската палата. Сепак, војводата од Единбург остана цврст во намерата „минатото да остане минато“ до крајот на неговиот живот, пишува „Дејли меил“.
Од таа причина, тој јасно стави до знаење дека сака неговите „крвни сродници“, внуците од Германија – Бернард, принцот од Баден, принцот Донат од Хесен и принцот Филип од Хохонлох-Лангенбург, да бидат соодветно претставени и вклучени во неговите постхумни желби.
Од таа причина, тој јасно стави до знаење дека сака неговите „крвни сродници“, внуците од Германија – Бернард, принцот од Баден, принцот Донат од Хесен и принцот Филип од Хохонлох-Лангенбург, да бидат соодветно претставени и вклучени во неговите постхумни желби. Така и беше.
Бидејќи патувањето беше попречено од коронавирусот, двајцата правнуци и еден далечен братучед на војводата беа поканети во Велика Британија уште минатиот викенд, да бидат ставени во карантин до времето на службата. Тие беа сместени кај заеднички пријател во Беркшир, а потоа, по дополнителни тестови за ковид, им се придружија на кралицата и другите членови на потесното семејство во капелата Сент Џорџ.
„ Тоа е навистина неверојатен дел и сите сме крајно трогнати и привилегирани што сме вклучени во име на поширокото семејство“ рече принцот Филип (51) во пресрет на погребот на неговиот братучед.
Неговата баба, принцезата Маргарита, беше постара сестра на војводата која остана во семејниот замок Лангенбург, кој принцот Филип го посетил многу пати.
Друг меѓу нив, принцот Бернард (50) е внук на сестрата на втората војвотка Теодора, додека принцот Донат, познат како „Дон“ (54), е глава на замокот во Хесе, каде се венчаа двете сестри на војводата.
Сестрите на принцот Филип (Маргарита, Теодора, Сесил и Софија) не присуствуваа на неговата венчавка со кралицата Елизабета, поради затегнатите политички односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина има потреба од сè поврзано со безбедносните гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја има потреба од „сè“ кога новинар го праша какви безбедносни гаранции ѝ се потребни за да се постигне договор.
Тој рече дека Украина најпрво има потреба од силна армија, што вклучува оружје, луѓе, обука и разузнавачки информации, пренесува „Си-ен-ен“.
Додаде и дека сето тоа ќе зависи од „големите земји“, како што се САД и другите сојузници.
Зеленски денес престојува во Вашингтон кадешто се сретна со претседателот Доналд Трамп во Овалната соба. Одговарајќи на новинарски прашања, украинскиот претседател изрази подготвеност за трилатерална средба со Владимир Путин и Трамп. Тој повтори и дека нема да има избори во земјата додека трае војната.
Свет
Зеленски му предаде писмо до Трамп: „Не е за тебе, туку за твојата сопруга“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му го предаде на американскиот претседател Доналд Трамп писмото од првата дама на Украина.
Зеленски моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа, а со него се и клучни лидери на европски земји.
Тој му кажа на Трамп дека писмото е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.
„Мојата сопруга, првата дама на Украина, ми даде писмо. Не е за тебе, туку за твојата сопруга“, рече тој, пренесе „Си-ен-ен“.
Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Алјаска.
„Во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивка насмевка, недопрена од темнината околу нив“, стоеше во писмото, потпишано од првата дама на САД до Путин.
Зеленски на денешната средба со Трамп, јавно и’ се заблагодари на Меланија.
Свет
По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката

Денешната средба помеѓу лидерите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се одвиваше во многу попријатен тон од претходната, а двајцата лидери во повеќе наврати и се шегуваа.
Новинарот Брајан Глен, кој го критикуваше Зеленски во февруари затоа што не носел одело, сега му рече: „Изгледаш фантастично во тоа одело. Се извинувам за нападот во февруари“.
На тоа, Доналд Трамп додаде: „И јас му го кажав тоа“, истакнувајќи дека Глен го „нападнал“ Зеленски минатиот пат.
Зеленски се насмеа и одговори: „Се сеќавам на тоа“, а потоа се пошегува дека Глен носел исто одело како и тогаш: „Јас се пресоблеков, ти не“.
Темата во што денес ќе се појави облечен Зеленски деновиве беше во фокус во Вашинтон.