Македонија
Оштетени штедачи: По чиј налог Билјана Ивановска се заканува на уставен судија?
Борбата за правда е испреплетена со многу опструкции, закани и притисоци. Но, тоа е разбирливо кога се работи за крупен криминал во којшто се вклучени разни страни, како од бизнисот, банкарството па се до високи државни структури. Заедничко за сите нив е што тие не бираат средства да дојдат до туѓи пари, велат од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.
Здружението на оштетени штедачи тоа најдобро го гледа со секој следен чекор, со секоја нова институционална битка за правда. Овојпат, на патот на правдата пред нас е уште една препрека. Имено, повторно, по втор пат, Уставниот Суд не донесе одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со којшто се дава предимство на Фондот за осигурување на депозити за целосна наплата на побарувањата пред сите други доверители. Ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да одлучува дали уставниот судија Дарко Костадиновски имал судир на интереси затоа што има релации со Коста Костовски, синот на Трифун Костовски, кој е главен акционер во Еуростандард банка. Иако се работи за апстрактен спор којшто се однесува за општи акти Устав и закон, а не за конкретни физички или правни лица, Уставниот суд побара од ДКСК да се произнесе иако ДКСК нема надлежност да одлучува по ова прашање. Одредбата во Законот за банки по којашто треба да се одлучува се однесува на сите граѓани. Ниту се однесува за Коста Костовски, ниту за Еуростандард банка, бидејќи тие не се предмет на постапката, ниту барале заштита на некое свое право како физичко или правно лице, ниту се подносители на иницијативата, ниту Законот за банки се однесува на нив. Тука нема никаков судир на интереси. Се работи за апстрактен спор меѓу Устав и закон, и во ваквиот спор може единствено и само да одлучува Уставниот Суд. Тој е единствен орган во државата којшто ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Но, и покрај ваквата поставеност на Уставниот Суд наспроти ДКСК, на телевизиско гостување на 16 април, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, на ТВ АЛСАТ даде изјава дека постои судир на интереси во постапувањето на судијата кој бил во непосредна релација со Коста Костовски. Според нејзината јавна изјава, ДКСК сеуште не добила барање од Уставен Суд, но во врска со предметната иницијатива, судијата требало да побара изземање од постапување по истата.
Се прашуваме, по чиј налог Билјана Ивановска се заканува на уставен судија? Бидејќи, во услови кога нема официјално поднесено барање ниту од Уставниот суд, ниту од судијата, прво е недозволиво да се даваат изјави во јавност и второ, недопустливо е да се цени судир на интереси врз основа на новинарски текстови или мислења изнесени во јавните гласила. Тоа е сериозен престап преку којшто се прави однапред обид за прејудицирање на решението на ДКСК, без да се има во предвид барањето од Уставен Суд, како и доказите и аргументите во насока на произнесување по тоа барање. Без да знае за каков предмет и иницијатива се работи, претседателката Ивановска наложува на уставен судија како да постапува. Со кое право и врз основа на која надлежност!? Ова е класична злоупотреба на службена должност и овластување на претседателката Ивановска. Поради сето ова, Здружението ќе излезе на протест пред просториите на ДКСК во понеделник, 19 април, во 10 часот, на којшто ќе даде и детално образложение за случајот.
Меѓутоа, зошто сето ова се случува и кој всушност врши притисок врз уставниот судија? Дали е тоа само г-ѓа Билјана Ивановска или таа работи по нечиј налог? Нашиот сомнеж е насочен кон една уставна судијка која ја девалвира работата на Уставниот Суд како целина и ја прави предмет на потсмев институцијата која треба да биде врв на правната држава. Убедени сме дека пролонгирањето и одложувањето на одлучување на Уставниот Суд со измислување на судир на интереси и правење на опструкции за да не се гласа за предметната иницијатива е поради исходот од изјаснувањето на уставните судии на последната одржана јавна седница по оваа точка од дневниот ред. Сметаме дека тоа се причините поради коишто уставната судијка прави опструкции и притисоци преку измислици и смислено пролонгирање на изнесувањето на Уставниот Суд, овојпат користејќи го ДКСК како изговор.
Да бидеме јасни, се работи за уставна судијка која доскоро беше судија во Кривичниот Суд Скопје на која многу добро и е познато дека судската власт има изградено поинакви механизми за заштита од судир на интереси кои се содржани во сите процесни закони по кои постапуваат судовите. За тоа е предвиден институтот „изземање”. Но, изземањето во судовите не се спроведува преку постапка пред ДКСК“ се навевува во соопштението на оштетените штедачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

