Црна хроника
Единаесет обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје
Против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, скопското јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози.
Лицата се товарат дека сториле кривично дело-непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по кривичниот законик.
Надлежните додаваат дека во одвоени кривично-правни настани, овие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола и тоа во временскиот период во кој движењето на населението е забрането како мерка за спречување на ширењето на заразна болест.
Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби за сите обвинети, при што поединечната висина на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово, возачот побегнал
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово, по што возачот побегнал од местото.
Сообраќајната несреќа, според информациите од МВР, се случила вчера на улицата Борис Кидрич.
„Патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот“, велат од полицијата.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Најден хероин при преглед на возило на патарина
На 5 јануари околу 22 часот полицијата ги приведе А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци.
Имено, како што информираа од МВР во дневниот полициски билтен, на наплатна станица „Сопот“,, при контрола на „мерцедес“ управуван од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин.
„С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 од КЗ, и по наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.
Црна хроника
Уапсен маж од Македонска Каменица: возел автомобил со туѓи регистарски таблички
Вчера во 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода 43-годишниот М.Ј. од Македонска Каменица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
При контрола на возилото „пежо 106“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички не се од возилото, туку дека припаѓаат на друго возило и дека возилото го нема во евиденцијата на МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.