Свет
Путин и Бајден разговарале за обидот за атентат врз Лукашенко
Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џозеф Бајден, разговараа по телефон за обидот за атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Да, разговараа“, кратко им одговори Песков на новинарите, пренесува агенцијата ТАСС.
Тој не сакаше да одговори на прашањето дали администрацијата на Бајден е на кој било начин вклучена во организацијата на атентатот, но рече дека специјалните служби ги објавиле сите информации што може да се објават.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вулкан еруптираше во Индонезија
Вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над регионот Лумајанг, јавува Анадолија.
Според локалните власти, повикувајќи се на Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси, вулканската пепел достигнала висина од еден километар.
„Сеизмографот забележа максимална амплитуда од 22 мм, а ерупцијата траеше 165 секунди“, соопштија локалните власти.
Властите ја прогласија областа на осум километри околу Семеру за зона за евакуација.
На 3.676 метри надморска височина, планината Семеру е еден од најактивните вулкани во Индонезија, чии ерупции често резултираат со смртни случаи.
Индонезија, која се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, има највисоко ниво на сеизмичка активност и вулкански ерупции во светот, со повеќе од 120 активни вулкани.
Регион
Невообичаена сообраќајка во Врање: таксист однел постара жена до гробишта, па ја удрил со автомобил
Невообичаена несреќа се случила на гробиштата Шапранац во Врање, кога таксист возел постара жена, а потоа од невнимание ја удрил со автомобилот.
Таксистот донел жена која се движела со помош на бастун (78), и ја оставил пред црквата на гробиштата Шпаранац. Кога сопатничката излегла, возачот тргнал во рикверц со автомобилот без да ја забележи жената.
Откако ја удрил автомобил, жената паднала и се здобила со скршеница на бутната коска.
Според информации, против таксистот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки кривични дела против општата безбедност.
Свет
Повеќе од 400 луѓе спасени од урнатините по земјотресот во Тибет
Повеќе од 400 луѓе се спасени од урнатините во Тибет погоден од земјотресот, соопштија денеска кинеските власти.
Тие додадоа дека потрагата по исчезнатите, чиј број сѐ уште не е утврден, продолжува на многу студено време, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 126 лица загинаа, а 188 се повредени во силниот земјотрес што вчера го погоди подножјето на Хималаите во близина на едно од најсветите места на Тибет, соопштија кинеските власти.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, еден од најсилните земјотреси во регионот во последните години, се наоѓа во Тингри, на 80-ина километри северно од Монт Еверест, највисокиот врв на светот.
Се почувствувал и во соседните земји Непал, Бутан и Индија.
Непалската национална управа за намалување и управување со ризици од катастрофите (NDRRMA) вчера објави дека потреси се почувствувани во седум ридски области, кои граничат со Тибет.
Беше почната потрага во област со големина на Камбоџа.
Во текот на ноќта температурата се спуштила до минус 18 Целзиусови степени, па луѓето заробени во урнатините или оние без засолниште биле изложени на ризик од брза хипотермија. Експертите наведуваат дека во такви услови луѓето може да преживеат само од 5 до 10 часа, дури и ако не се повредени.