Црна хроника
Двајца тешко повредени во сообраќaјка кај Групчин

Две лица се тешко повредени во сообраќајка што се случи на автопатот Тетово – Скопје, кај селото Групчин, соопштуваат од СВР Тетово
Според нивните информации, сообраќајката се случила утрово околу 10:40 часот кога автомобил „Ауди“ со тетовски регистарски таблици излетал од патот и се превртел. Од ударите со тешки телесни повреди се здобил возачот кој имал околу триесетина година и неговиот дваесет идвегодишен совозач.Возачот веднаш бил пренесен во тетовскиот клинички центар, но поради сериозноста на повредите, во бесознание бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговиот совозач е на лекување во Тетово.Извршен е увид на местото на сообраќајката, а според неофицијалните информации возилото излетало од патот поради неприлагодена брзина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот