Македонија
Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде што заедно со српскиот државен секретар за здравство, Мирсад Черлек, имаше можност да дискутира во однос на капацитетите за производство на вакцините.
„Дојдовме да го посетиме Институтот за серуми и вакцини ‘Торлак’, каде што ќе се произведуваат не само вакцините што досега се произведени во календарот туку и веќе се припрема производство на вакцината ‘спутник В’. Капацитетот за производство е 1 милион дози на месечно ниво и сакаме навистина да покажеме солидарност како што тоа го правевме и до сега кога добивавме вакцини од нашите пријатели, тоа што овде ќе се произведува на Институтот ‘Торлак’ нема да биде само за потребите на Република Србија, туку и за потребите на целиот регион, а особено за нашите братски и комшиски држави, како што е Северна Македонија“, рече државниот секретар за здравство на Србија, Мирсад Черлекм, во изјавата за медиумите пред Институтот „Торлак“.
Министерот Филипче се осврна на заклучоците што произлегоа и од состанокот со министерот за здравство на Србија, Лончар, во кои речиси сите епидемиолошки анализи се покажаа како многу слични, односно исти, и ова се однесува и на пристапот, надградувањето на инфраструктурата и на препораките за третман на пациентите.
„По успешниот состанок со министерот Лончар, на кој разговаравме за навистина важни теми во делот на менаџментот на целокупната криза предизвикана од Ковид-19 и во делот на епидемиолошките мерки и препораки, како и во делот на третманот на пациентите, во делот на инфраструктура, надградувањето на инфраструктурата, разменивме искуства за нивниот и нашиот пристап во делот на правење на ковид-центрите, секако терапевтскиот пристап, секако разликите кај пациентите во клиничката слика, овој бран во споредба со тој од минатата година. Заклучивме дека многу работи се многу слични, односно исти, и дека, дефинитивно, во регионот има и практично идентични движења што се однесува на епидемијата“, рече Филипче.
Министерот Филипче изјави дека Институтот „Торлак“ е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во целиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментот функционира со надградени капацитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.