Црна хроника
Гостиварка натепала маж, а во полиција лажно пријавила дека тој ја малтретирал

Дваесет и двегодишна гостиварка натепала маж, а во полиција лажно пријавија дека тој ја малтретирал.
Според информациите од Основното јавно обвинителство Гостивар, против неа е поведена постапка за лажно пријавување на кривично дело.
Девојката на 12 јануари го пријавила мажот за насилство, а всушност, истиот ден, таа му удрила шлаканица и го удирала во градите со што му нанела повреди.
„Обвинетата, на 12 јануари, иако знаела дека оштетениот не е сторител, го пријавила во полициска станица како извршител на кривично дело – Ннасилство од член 386 од Кривичниот законик, за кое гонењето се презема по службена должност. На критичниот ден, всушност, оштетениот бил нападнат од сега обвинетата, која најпрвин му удрила шлаканица, а потоа продолжила да го удира со нога во градите и да го гребе по вратот и главата, со што му нанела и телесни повреди – нагмечувања и гребаници“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него е пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.