Економија
Бесими: „Бас Рапид Транзит“ е „зелена економија“ – вакви проекти се потребни за побрзо економско заздравување
Во време во кое се сочуваме со најголемата економска криза во изминатото столетие, од особена важност за заздравување на економијата е да се креира синергија – односно да се инвестира во „зелени проекти“, кои истовремено ќе имаат позитивен ефект и на економскиот развој и врз животната средина. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, кој денеска заедно со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Анди Аранитаси, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го потпишаа договорот за финансирање на проектот „Брз автобуски превоз“ (Bus Rapid Transport) во вредност од 70 милиони евра.
„Кога иницијативите за создавање ‘зелена’, поинклузивна и одржлива економија ќе се совпаднат со напорите за економско заздравување од ковид-кризата, придобивките за македонската економија се повеќекратни. Во оваа и во следните години ќе инвестираме во проекти коишто ќе придонесат за заштита на животната средина, ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за заштеда на време и енергетски ресурси, ќе овозможат раст на инвестициите и работните места и ќе донесат подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани. Како министер за финансии ја поддржувам меѓународната соработка, која ќе ја помогне т.н. ‘зелена транзиција’, а овој проект е дел од тој поширок план. Сегашните и идните генерации треба и мора да имаат можност да дишат почист воздух и да патуваат побрзо и побезбедно“, рече Бесими.
Проектот опфаќа воспоставување на две линии за автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, и тоа од Ѓорче Петров во Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата од Ѓорче до Ново Лисиче ќе биде во должина од 12,80 километри во една насока, ќе има 21 станица, два терминала во иднустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче, каде што ќе биде изграден новиот терминал..
Според првичните проценки, вкупниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса е околу 65 илјади луѓе дневно.Со имплементација на првата фаза се очекува времетраењето на патувањето од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 проценти.
Заемот од ЕБОР од 70 милиони евра ќе биде во две транши. Првата транша во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линија 1, односно исток-запад, и втората транша во износ од 22, 4 милиони евра за финансирање на линија 2 односно од југ до север.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)
Економија
Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025.
Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој.
Божиновска беше говорник на панелот „Shifts of Power: Strengthening Energy Resilience“, на кој истакна дека концептот на енергетска безбедност во новиот геополитички контекст се менува суштински — од класичен пристап кон енергенсите, кон отпорни и зелени системи со долгорочна стабилност.
„Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори,“ рече Божиновска. „Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност.“
Во своето излагање, министерката се осврна на конкретните чекори што Македонија ги презема во насока на енергетска независност и одржливост:
„Го диверзифицираме снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција и подготвуваме инфраструктура за идниот транспорт на водород. Истовремено, ја зголемуваме домашната генерација од сонце и ветер, ја модернизираме преносната мрежа и инвестираме во складирање и дигитализација. Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите.“
Осврнувајќи се на прашањето за рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, Божиновска потенцираше дека трите цели не се исклучуваат меѓусебно, туку се меѓузависни.
„Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост – туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи.“
Министерката укажа и на значењето на новите технологии и вештачката интелигенција во енергетиката, кои, според неа, се потенцијал за подобра ефикасност, а не закана:
„Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот, преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината.“

