Контакт

Вести

Во Авганистан во 2013-та настрадале 30 отсто повеќе деца

Објавено пред

Во текот на минатата 2013 година загинале или биле ранети 30 отсто повеќе деца во борбите во Авганистан отколку во текот на претходната 2012 година, објави во четвртокот агенцијата на Обединетите нации за заштита и права на децата УНИЦЕФ.

dobivaj vesti na viber

Притоа високи функционери на УНИЦЕФ изразуваат загриженост поради споменатиот голем пораст на загинувања на деца за коешто Советот за безбедност при ОН извести во мај годинава. Најмалку 545 деца се убиени а 1.149 се ранети во Авганистан во текот на 2013 година, се истакнува во извештајот на УНИЦЕФ. Повеќето од жртвите настрадале од импровизирани бомби и нагазни мини, но и во самоубиствени бомбашки напади.„Длабоко сме загрижени од значителниот пораст на бројот на жртвите меѓу децата и погубното влијание што судирот и натаму го има врз безбедноста на децата, нивното здравје и нивното школување“, изјави претставникот на УНИЦЕФ во Авганистан, Акил Ијер.Вооружените бунтовнички групи, вклучително и талибаните и Хезб-е-Ислами, се одговорни за 889 жртви, се наведува уште во споменатиот извештај. Владините и меѓународните сили предизвикале 206 смртни случаи на деца, главно во текот на насилните судири. Во воздушните напади на меѓународните сили предводени од НАТО и САД, пак, се убиени 37 и ранети се 19 деца, наведува УНИЦЕФ./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 час

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија5 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија7 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија8 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ9 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија9 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија10 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија10 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија10 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет12 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет13 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет14 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија14 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет15 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет16 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа16 часа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ1 ден

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија1 ден

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...