Македонија
(Видео) Стојаноски: Богдановиќ фатен во лага, играчот кого го сместувал во хотел играл за Работнички уште на 17 април
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски со нова реакција околу случајот со Саша Богдановиќ. Според Стојаноски, новиот играч на Работнички, Аска, првпат играл за Работнички на 17 април на мечот во СРЦ Кале против Гостивар, каде го има во официјалната статистика.
„Тој е играчот кој требаше да му биде алиби на Богдановиќ за кршењето полициски час, кога беше фатен како седи сам во затворена кафеана која само за него работи. Но како и на Заев, така и на Богдановиќ муабетите им држат неполни 24 часа. Ова е извадок од листа на играчи кои дале кош, а тука е името и на Аска. Богдановиќ да каже како тоа го сместувал Аска, кој четири дена претходно веќе играл за Работнички, ако тогаш го сместувал, каде престојувал Аска тие четири дена, кај него дома или во друг хотел? И зошто преместувањето од едно во друго престојувалиште го правеле во полициски час? Или сепак не се работи за сместување, туку за алиби за кршењето на законите?“, вели Стојановски.
„Молчи Богдановиќ, ама молчи и Пазарна инспекција, ја нема да излезе на терен и да утврди дали и зошто кафеаната работеше за Богдановиќ и како тој се шеташе во полициски час. Го нема ниту МВР, а ниту директорот на БЈБ. Сите молчат, затоа што Богдановиќ, миленикот на Заев, е фатен во дупло кршење на законите“, истакна Стојаноски.
Стојаноски кажа дека наместо да си поднесе оставка и да се извини, Богдановиќ молчи и мисли дека јавноста ќе заборави.
Барајќи оставка пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека јавноста нема да заборави, зошто секој ден умираат по 30-тина сограѓани, уште илјада се заразуваат, а други се забавуваат по кафеани.
„Нема да заборави затоа што нема вакцини, а вие отворате кафеани во полициски час. Нема да заборави, затоа што 4.600 луѓе веќе не се помеѓу нас“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

