Економија
Заев: Со засилено темпо ги зголемуваме инвестициите во обновливи извори
Фотонапонската електроцентрала во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостигот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките, изјави премиерот Зоран Заев на промоција на официјалниот почеток на оваа фотонапонската централа. Истовремено Заев најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.
„Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година“, рече Заев.
Тој стакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важни енергетските проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите, односно граѓаните и индустријата.
„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Северна Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи коишто се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја“, истакна Бектеши.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што постои отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, испраќа вистинска порака за тоа како треба да се грижиме за планетата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.