Македонија
Апaсиев и рускиот амбасадор разговарале за „спутник“ и за изјавите на Бујар Османи
Руската вакцина против коронавирусот, но и изјавите на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во насока на поддршката за санкциите кон Русија, биле дел од темите на кои денеска се осврнале пратеникот Димитар Апасиев од Левицата и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
Од Левицата велат дека на средбата станало збор за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „спутник В“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во август 2020 година.
Отворени биле и прашања од важност за Западен Балкан, а се разговарало и за, како што се наведува, непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи.
„Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани“, соопшти Левицата.
Отворени биле и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти што ги дава руската амбасада на годишно ниво, а биле опфатени и теми од современата геополитика.
Левицата оцени дека средбата поминала во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

