Црна хроника
Продавачка во Куманово совладала крадец со нож

Маскиран разбојник со закана со нож се обидел да го ограби „Пако маркет“ на улица „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Разбојникот во четвртокот вечерта околу 21.30 часот влегол внатре и ја присилил вработената да влезе во внатрешноста на маркетот. Почнал да пребарува и во еден момент обидувајќи се да отвори една од фиоките, продавачката со едната рака го фатила сечивото од ножот, додека со другата почнала да го удира во пределот на главата, по што сторителот избегал. Од страна на полициски службеници сторителот е пронајден и приведен и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци.
Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”.
Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата.
Црна хроника
Приведени двајца скопјани, криумчареле мигрант од Турција

Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П. и Б.М.Р., двете од Италија.
При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот багаж на Џ.П. пронајдени се 186 семки од растението канабис, хемиска материја ЛСД, тврда кафеава материја и кесичка со суви печурки. Додека, во багажот на Б.М.Р. е пронајдена марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.