Македонија
Трајанов реагира дека пратениците се вакцинирале со „спутник В“, а најавена им била „фајзер“
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, регира дека пратениците се вакцинираат со „спутник В“, наспроти тоа што претходно најавена била нивна имунизација со „фајзер“.
Според него, причина за промена на вакцината се коментарите на социјалните мрежи дека пратениците се привилегирани оти ќе се вакцинираат со „фајзер“.
„Не може од ‘Фејсбук’ да се гради политика. Министерот менува на ‘спутник В’ затоа што некој напишал дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со ‘фајзер’. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса. Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама“, наведе Трајанов во реакцијата на социјалните мрежи.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во втората половина на мај Собранието да се врати на вообичаениот начин на работа.
Можност за вакцина добиле сите пратеници, а дали ќе ја примат, зависи од нивната волја.
„Со втората доза од вакцината ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието. Очекувам од втората половина на мај да се врати нормалниот начин на работа на Собранието со почитување на процедурите за заштита, дадени од надлежните институции. Викнати се сите пратениците и кажано им е во кој бокс да се јават за вакцина, а дали ќе се јават, тоа повеќе не е одговорност на претседателот туку волја на секој поединец. Предвидени се вакцини за сите, кој како ќе одлучи е негова работа“, рече претседателот Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, соопштија од Градот Скопје.
Македонија
Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите: Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
„Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, објави таа на социјалните мрежи.
Порача дека само преку заемна почит и разбирање можат да се создадат услови за напредок и побезбедна иднина за сите.
Македонија
Трајановски: Паметно осветление во сите паркови и дворови на градинките и училиштата
Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина. Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства, вели Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ.
Како што појасни на почетокот овој проект ќе се имплементира во јавните паркови, дворовите на сите детски градинки и основни училишта низ општината.
Потоа ќе продолжи и кон замена на јавното осветлување и на сите улици и паркинзи во општината.
„Овој проект ќе овозможи Енергетска ефикасност и заштеда на финансиски средства.
Затоа ве повикувам на 2 ноември да дадеме поддршка на концептот што ќе гради и создава иднина, а не коцнепт на кочење и не работа“.

