Македонија
Во Македонија 564 нови случаи на Ковид-19, починати се 22 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
Скопје –192, Куманово – 45, Битола – 44, Прилеп – 40, Велес и Струмица – по 23, Охрид – 22, Гостивар – 19, Штип – 18, Тетово – 17, Кочани – 16, Берово – 13, Кавадарци и Кичево – по 11, Виница – 9, Свети Николе и Дебар – по 8, Струга и Ресен – по 7, Радовиш – 6, Валандово – 5, Неготино, Пропиштип и Крушево – по 4, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 2, Богданци и Демир Хисар – по 1 лице.
Од таму додаваат дека регистрирани се 1.357 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 412, Охрид – 248, Кавадарци – 87, Куманово – 69, Битола – 67, Прилеп – 58, Струга – 46, Велес – 43, Тетово – 40, Неготино – 33, Струмица – 31, Кочани – 27, Гостивар – 25, Дебар – 21, Штип – 19, Крушево – 18, Гевгелија – 16, Виница, Валандово и Крива Паланка – по 15, Кичево – 13, Берово и Свети Николе – по 9, Делчево – 7, Богданци – 6, Ресен и Демир Хисар – по 2, Радовиш, Пробиштип, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 22 починати лица: 8 од Скопје (60г, 68г , 71, 72г, 74г, 74г, 82г и 85г), по 2 починати лица од Битола (79г и 85г), Прилеп (69г и 79г) и Кочани (72г и 73г), по едно лице од Охрид (61г), Кавадарци (80г), Гостивар (51г), Штип(75г), Свети Николе (80г), Делчево (65г), Ресен (71г) и Пробиштип (74г). Сите починати пациенти се починати во болнички услови, информира МЗ.
Направени се 3.526 тестови преку: ИЈЗ-503, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-82, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 3, лабораторија болница Козле – 11, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 11, Институт за микробиологија – 67, МАНУ – 124, Жан Митрев (Филип Втори) – 118, Авицена -246, Биотек – 718, Систина – 177, лабораторија Лаор – 425, Синлаб – 76, Ремедика – 73, Плодност – 48, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 772.
Досега во земјата се направени вкупно 707.095 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.274, бројката на оздравени пациенти е 128.496, на починати е 4.650, а бројот на активни случаи изнесува 17.128.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 66435, активни 7737
Куманово 8338, активни 1180
Прилеп 8079, активни 872
Тетово 7028, активни 623
Битола 6017, активни 1183
Велес 5322, активни 615
Гостивар 5074, активни 418
Кавадарци 5063, активни 403
Штип 4843, активни 440
Охрид 4836, активни 524
Струмица 3924, активни 550
Струга 2908, активни 169
Кочани 2671, активни 285
Кичево 2417, активни 294
Гевгелија 2153, активни 294
Неготино 2132, активни 199
Свети Николе 1464, активни 145
Крива Паланка 1199, активни 80
Ресен 1191, активни 206
Радовиш 1075, активни 134
Берово 998, активни 66
Делчево 941, активни 94
Дебар 927, активни 49
Виница 779, активни 112
Пробиштип 765, активни 35
Валандово 653, активни 76
Богданци 482, активни 69
Крушево 468, активни 91
Демир Капија 392, активни 30
Демир Хисар 375, активни 62
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 352, активни 28
Пехчево 259, активни 21
Македонска Каменица 228, активни 14
Дојран 132, активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата, како што велат од Левица, доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина партијата, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.
„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.
„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.
Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.
„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.
Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.
Македонија
Василевска и Вајц во Скопје: Дијалог за реформите и европската перспектива на земјата
Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ и ЕУ, Иванка Василевска се сретна со известителот на Европскиот парламент за нашата држава, Томас Вајц, кој престојува во работна посета на Скопје.
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби и динамиката на спроведување на реформската агенда, во контекст на европската интеграција. Во текот на разговорите беше даден осврт на клучните реформски приоритети, како и можностите за дополнително унапредување на реформските процеси во наредниот период.
Известителот на Европскиот парламент информираше за тековните и претстојните активности во рамки на подготовката на извештајот за земјата, вклучително и фазите на собирање информации, како и постапката за разгледување и усвојување на извештајот во надлежните тела на Европскиот парламент.
На средбата беше истакната важноста од одржување на континуиран дијалог и соработка со европските институции имајќи ја предвид европската перспектива на земјата.

