Македонија
Груевски: Македонија е земја со најниски даноци во светот
Челникот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на социјалната мрежа Faceboook, во саботата пишува дека определбата на неговата партија е воспоставување најниски даноци за развој на економијата и зголемување на инвестициите, што од своја страна ќе значи создавање нови работни места/
„Македонија е земја со најниски даноци во светот. Угледниот магазин Бизнис Инсајдер врз основа на релевантните податоци на Светскиот економски форум ја рангираше земјава на првото место на планетата според најниски даноци со просечна даночна стапка од 7.4% што ја прави државата лидер на глобално ниво и единствената држава во Светот со просек под 10%. Ниските даноци освен влијанието кое што го имаат во креирањето на поволната бизнис клима, практично значи дека државата најмалку зафаќа од граѓаните и компаниите преку наплатата на ефективен данок. Тоа овозможува повеќе пари кои остануваат за стопанството и граѓаните.
Нашата определба е воспоставување на најниски даноци за развој на економијата и зголемување на инвестициите што ќе значат пак отворање на нови работни места. Затоа воведовме најнизок рамен данок во Европа од 10%, ослободување на фирмите од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка, го задржавме данокот на добивка од 0% ако се реинвестира добивката, ги намаливме стапките за придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Се укина односно на 0% се сведе данокот на добивка за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари, воведовме право на избор на моделот на оданочување, а во периодот 2006-2015 извршено е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на повеќе категории на производи и услуги. Значително се намалија и царините.
Ваквата комбинација на мерки придонесе Македонија да е во врвот на извештаите на економските институции. Македонија според добрата бизнис клима во најновиот извештај на Doing Business 2016 на Светска банка е рангирана на извонредното 12. место меѓу 189 земји во светот што е скок од 82 места во однос на 2006 година кога бевме на 94 место, а во европски рамки сме на 6то место и подобро сме рангирани од 24 земји членки на ЕУ.
И она што е најважно:
1.ниските даноци ни овозможија развој, и секоја годинa сме во група на земји со највисок раст на БДП.
2.ни овозможија многу домашни и странски инвестиции со кои се отворија 150 илјaди работни места повеќе отколку во 2006тата, а невработеноста од 38 падна на 24,6 отсто. Од земја каде не се сеќаваше никој на нова фабрика, на грин филд инвестиција, станавме земја каде речиси секоја недела имаме нешто ново на тој план.3.се зголеми извозот од 1,9 милијарда евра во 2006тата на 4 милијарди евра во 2015тата.
4.се намали сивата економија и затајувањата данок. Приливите во буџетот драстично пораснаа, па низ годините опозицијата постојано не критикуваше дека секоја година буџетот расте, заборавајќи при тоа дека расте ама со воведени најниски даноци на планетата. Во Македонија е најнеисплатливо да се ризикува со затајување данок, бидејќи е многу низок.
5.Денес споредено со времето од пред десетина години, државниот долг е горе долу ист. Тој тогаш на крајот на 2005та беше 36.7 отсто од БДП, следеа намалување на даноците, на крајот од 2015та е 38 отсто. Во еден период пред да започне светската глобална криза (2007ма и 2008ма), а по неа и европската должничка криза(2010-2013та), вишоците, суфицитите во буџетот ги користевме за предвремено раздолжување кон меѓународните кредитори, па така државниот долг го намаливме на 23 отсто, а за време на светската и европската финансиска криза, кога се намалија нарачките на нашите фирми, кога се намали извозот и странските инвестиции, заради екстерни фактори, свесно водевме политика на поголемо задолжување заради инвестиции во капитални проекти (патишта, железници, енергетски објекти и сл.), што меѓу другото помогна за создавање работа на илјадници компании во Македонија, и поминување низ овие две кризи со најмали последици споредено со другите европски земји, во смисла дека во овој период ниту еднаш не се зголеми невработеноста и таа постојано опаѓаше, а стапките на раст беа најчесто помеѓу највисоките три или пет во Европа. Оттука, можам да кажам дека ниските даноци воопшто не влијаеа на задолжувањето.
6. Рамниот и низок данок го препорачувам на секоја држава. Тоа значи помало зафаќање од државата од приватниот сектор. Приватниот сектор секогаш поквалитетно ќе ги искористи парите отколку државата ало останат кај него, не само во своја корист, туку и во правец на повисок економски раст и развој, поголем извоз и многу повеќе нови работни места. Демотивиран е да затајува данок особено ако како кај нас се превземзт и дополнителни мерки против загајување данок, и конечно ниските и рамни даноци се магнет за инвеститорите.
Ваквите меѓународни извештаи, вклучително и последното рангирање на Бизнис Инсајдер е одличен показател за сите потенцијални инвеститори и пред се верификација на нашите напори за економски развој и напорите за отворање на нови работни места, пишува Груевски на Facebook./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

