Спорт
Ширер и Анри ќе „отворат“ Куќата на славните на Премиерлигата

Алан Ширер и Тиери Анри се првите фудбалери кои влегоа во Куќата на славните на англиската Премиерлига. Место во Куќата на славните можат да добијат фудбалери кои играле во најсилниот ранг на англискиот фудбал, од основањето во 1992 година. За да бидат номинрани, услов е да заминале во пензија до 1.август до 2020 година.
Алан Ширер е поранешен напаѓач на Блекбурн и Њукалс. Ширер се уште е најдобар стрелец во историјата на Премиер лиагта. Во кариерата одиграл 441 натпревар, постигнал 260 голови.
Тиери Анри, во Премиер лигата пристигна во 1999 година од Јувентус. Тој пет сезони го носеше дресот на Арсенал. Одиграл 258 натпревари, постигнал 175 голови. Анри е најдобар стрелец во историјата на Арсенал. Ја предводеше екипата која во сезоната 2003/2004 без пораз ја освои шампионската титула.
Покрај Ширер и Анри, уште 23-ца фудбалери ги исполнуваат условите за влез во Куќата на славните. Шестмина вечерва ќе изберат навивачите, во текот на емисијата на „Скај спорт“.
Two centre-forwards, both gifted with natural skill and talent who have written their names in Premier League history
We’re delighted to announce Alan Shearer and Thierry Henry as the first two inductees of the #PLHallOfFame pic.twitter.com/MAKgi3SYzV
— Premier League (@premierleague) April 26, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елмас се враќа под Везув – Наполи преговара со Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Според шепкулациите најголем интерес за Елмас покажува неговиот поранешен клуб Наполи.
Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата.
Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Двете страни сега треба да ги договорат тие услови. Лајпциг ја одбиле орвата понуда од 1.500.000 евра за позајмицата и 11.500.000 евра за откуп на договорот.
Германскиот клуб бара 3.000.000 за позајмицата и близу 20.000.000 за откуп на договорот.
Foto/ EPA/MICHELE MARAVIGLIA
Спорт
Италијанските тренери сакаат Израел да биде исфрлен од сите натпреварувања

Асоцијација на италијанските фудбалски тренери (AИIAЦ) повика на суспензија на Израел од сите меѓународни фудбалски натпреварувања поради војната во Газа.
AИAЦ испрати писмо до Италијанската фудбалска федерација барајќи апелот го да проследат до ФИФА и УЕФА. Ова не е само симболична акција, туку неопходен избор, одговор на морален императив што го дели целиот раководен тим на AИАЦ, се вели во неа.
„Вредностите на човештвото, кои се основа на спортските вредности, нè принудуваат да се соочиме со акти на угнетување со ужасни последици. Можеме да се фокусираме само на играта, свртувајќи ги главите од теренот. Веруваме дека ова не е правилно. Има премногу невини смртни случаи. Меѓу нив има многу спортисти.
Ова е уште една причина за барање меѓународни контрамерки, вклучително и во нашиот сектор. Светот гори. Многу луѓе, како Палестинците, страдаат. Индиферентноста е неприфатлива“, соопшти AИАЦ.
Италија и Израел се во истата група во квалификациите за пласман на СП 2026. Првиот натпревар е закажан за 8 септември во Дебрецен, Унгарија, додека реваншот е на 14 октомври во Удине.
Минатиот октомври, овие две репрезентации играа во Удине во Лигата на нации, а средбата беше обележана со силни безбедносни мерки и протести.
Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.