Европа
Џонсон повеќе би сакал купишта мртви отколку да воведе блокада, според британски таблоид

Британскиот министер за одбрана ги демантира написите во медиумите дека премиерот Борис Џонсон изјавил оти повеќе би сакал да види трупање илјадници тела отколку да нареди трет општ карантин на државно ниво.
Џонсон се соочува со голем број обвинувања во медиумите – од лошото управување со пандемијата на коронавирусот до прашањето кој го финансирал реновирањето на неговата официјална резиденција, пишува „Ројтерс“.
„Дејли мејл“, повикувајќи се на неименувани извори, напиша дека британскиот премиер во октомври, набргу по согласувањето за втор општ карантин, на состанокот во Даунинг стрит рекол дека повеќе не сака е**** затворање, нека се натрупуваат илјадници тела.
Секретарот за одбрана, Бен Валас, за „Скај њуз“ изјави дека тоа не е точно и дека тоа буквално сите го отфрлиле додавајќи дека Џонсон бил фокусиран на одговор на пандемијата.
„Влеговме во еден вид комичен период со сите овие озборувања. Знаете, неименувани извори на неименувани советници зборуваат за неименувани настани. Ништо од ова не е сериозно“, нагласи Валас.
Велика Британија е петта во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19 – 127.681, зад САД, Бразил, Мексико и Индија, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Џонсон нареди трет генерален карантин во јануари иако некои критичари велат дека тоа можело да се избегне доколку порано попуштил под притисокот на некои министри, кои барале построг втор карантин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“