Македонија
Хасани: Полицискиот час за празниците не се укинува за да се собираме, туку да се чувствуваме слободни
Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, објасни дека полицискиот час ќе биде укинат за Велигден, ноќта сабота кон недела, и за Рамазан, 12 кон 13 мај, за граѓаните да се чувствуваат слободно. Тој апелира и за празниците да се почитуваат мерките за носење маски, одржување растојание и дезинфекција.
„Ослобдувањето не е направено за да се собираме, туку за да се чувствуваме слободни во овие свети верски празници што ни претстојат. Апелирам, сите да ги почитуваме мерките за несобирање, односно одржување дистанца, хигиена и сите други мерки“, рече заменик-министерот Хасани.
Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека мерките ќе важат до завршување на празниците. Во зависност од состојбата, нови мерки ќе се договараат по празниците.
„Се надевам дека нема да има изненадување, нема најава според бројките, но будно ја следиме ситуацијата. Еден од клучните фактори е одговорноста на граѓаните. Без разлика какви мерки важат за ограничување на движењето, маска и дистанца се задолжителни. Таму каде што се почитуваа овие мерки, немаше проблеми. Имаше каде што не се почитуваа“, рече министерот Филипче.
Полицискиот час годинава беше воведен на 6 април откога се преполнија болниците, а дневните бројки на новозаболени поминаа 1.000. Минатата недела, иако имаше благо намалување на притисокот во болниците, полицискиот час беше продолжен за една недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

