Македонија
Утрово со услови за дожд, а попладне сонце

Утрово ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој по должината на Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје утрово со услови за повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 21 степен.
Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на следната ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. В среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за да им нанесе штета на институциите, само за да не се обелодени нивното мрачно 20годишно досие. Дури и начинот на комуникација на ДУИ е сличен на озогласените „сурчински“ или „земунски“ кланови: со навреди и со закани, но всушност без никаква моќ да го сменат текот на правдата. Османи, поразениот министер кој беше симбол на молчењето пред сите скандали на ДУИ, денес повторно се обидува да влезе во политичката арена преку лажен патриотизам и заплашување на граѓаните“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да одговори зошто за време на неговиот мандат се молчеше пред уцените од Бугарија, зошто се деградираше позицијата на државата на меѓународен план, и зошто ДУИ 20 години ја користеше власта исклучиво за лични и партиски цели, велат од партијата, Османи се обидува да создаде нова поделба и тензија.
„Владата нема потреба да бара ничија дозвола за да ја води надворешната политика на Македонија. Тоа е уставна обврска и право, добиено директно од народот. Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми – како во минатото. Доста е од политичари кои ја сведуваат државата на етничка апанажа. Сите сме еднакви граѓани на оваа држава. Доста е од лаги за „српски светови“, „големи Албании“ и други лаги со кои Османи и ДУИ ја одржуваа својата моќ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека ако Османи навистина сака да зборува за „прашање до Албанците“, нека им одговори на граѓаните кој му го даде правото да го потпише Францускиот предлог без консензус, кој му го даде правото да молчи за криминалот во ДУИ и кој му го даде правото да ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали го поддржуваат ДУИ?
„Секој што се чувствува Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак или Ром има исти права и одговорности. Меѓутоа, никој нема право да ја приватизира надворешната политика, да ја дели државата и да ги лаже граѓаните. Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност, прашува СДСМ.
„Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат? Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на позицијата за заштита на привилегирани функционери, роднини и пријатели на ДПМНЕ. Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот со братот на Стефковски откако беше фатен жив, но граѓаните не се наивни, знаат дека да не го објавеше СДСМ ќе се криеше и понатаму и никој немаше да биде сканкциониран“, велат од партијата.
Од СДСМ прашуваат кој ќе ја преземе сега политичката одговорност за овој скандал?
Македонија
ВЛЕН: ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите

ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите. Така, Ахмети во кампањата во мачо стил делеше “гурабии и кекси”, за после, кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собрание, за да влезе во Влада наместо ВЛЕН. Јавно се закануваа со „чизми на таванот“, а по налог на СДСМ на улиците апсеа невини Албанци само затоа што се осмелија да ја бранат вистината за модуларната болница, велат од ВЛЕН.
„Ако некој директно работел против интересите на Албанците, тоа се Али Ахмети и кројачот на дворски игри, Бујар Османи – човекот што го донесе Лавров во Скопје, што делеше тендери за рента-кар како бакшиш за своите луѓе и раздаваше дипломатски пасоши на кого стигне, вклучувајќи ја и Татјана Димитровска, денес осомничена за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“. Само политички слепци не гледаат дека ако локалните и парламентарните избори се одржат заедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 60 пратеници. ДУИ не извлече никаква поука. Напротив, продолжува да ја зајакнува ВМРО-ДПМНЕ со лаги за наводна деалбанизација, плашејќи го сопствениот народ со празни приказни“, велат од партијата.
Но Албанците не се наивни, велат од ВЛЕН, знаат дека „Пржинска влада“ им треба на ДУИ само за едно нешто: за да го спасат криминалот на Али Ахмети и да ги сокријат досиејата што секој ден излегуваат на виделина.
„ДУИ денес личи на уплашен ученик кој ја заборавил домашната задача, трча од еден на друг крај барајќи спас, затоа што знае дека без контрола врз МВР и државните институции, тие се ништо. Но времето на уцени заврши. На фер и демократски избори, ВЛЕН нема само да ја избрише ДУИ од политичката мапа, туку конечно ќе ја испрати таму каде што одамна ѝ е местото, во политичката историја“, велат од партијата.