Свет
Фон дер Лаен за односот во Турција: Се чувствував тажно, повредено и осамено
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, го осуди начинот на кој се однесуваа кон неа при нејзината посета на Турција кога за неа немаше стол на средбата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, посочувајќи дека тоа се случило затоа што е жена.
„Не наоѓам никакво оправдување за тоа како се однесуваа кон мене. Ова се случи затоа што сум жена“, рече Фон дер Лаен во Европскиот парламент во дебатата за односите меѓу ЕУ и Турција, во која доминираа токму прашањето за т.н. софагејт.
На дискусијата присуствуваше и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој беше критикуван од многу европратеници дека не реагирал веднаш и со тоа не спречил понижување на претседателката на Европската комисија.
Фон дер Лаен и Мишел ја посетија Турција на 6 април. За време на состанокот со турскиот претседател, Мишел седеше на стол веднаш до Ердоган, а Фон дер Лаен мораше да седи на креветот на страна, а спроти неа на друг кревет беше турскиот министер за надворешни работи.
Се покажа дека Фон дер Лаен се третира како министер на Мишел.
„Хм“, се слуша како вели Фон дер Лаен на снимката кога сфати дека нема место за неа покрај Ердоган.
Инцидентот во медиумите го доби името софагејт.
Фон дер Лаен посочи дека нема основа во европските договори за различен третман на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија.
„Дали тоа ќе се случеше ако бев во костум и вратоврска?“, праша Фон дер Лаен.
„Се чувствував тажно, повредено, осамено, како жена и како Европејка. Не станува збор за протокол за седење, туку за самата суштина на она што сме, за вредностите за кои се залага Унијата. Тоа исто така покажува колку сме далеку од еднакво третирање на жените, секогаш и секаде“, рече Фон дер Лајен, која беше видно лута.
„Јас сум првата жена претседател на Европската комисија. Очекував да ме третираат така за време на мојата посета на Турција, како претседателка на Комисијата, но не го направија тоа“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

