Регион
Словенија ги отстранува контролните пунктови кон Австрија и Италија
Словенија утре ќе ги отстрани граничните пунктови кон Австрија и Италија, но контролните пунктови кон Унгарија ќе останат.
Од утре во Словенија ќе се признаваат резултатите од ПЦР-тестовите направени во Австралија, на Нов Зеланд, во Канада, Израел и во Русија.
Досега се признати само резултатите од ПЦР-тестовите направени во ЕУ, европските земји надвор од шенген-зоната и во Велика Британија.
Финска е отстранета од словенечкиот црвен список на ризични земји, но според извештајот на СТА, додадена е Малта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.