Македонија
Намалувањето на рестрикциите за Велигден и за Рамазан-бајрам e мудра одлука, смета Заев
Намалувањето на рестрикциите и ослободувањето од полицискиот час за Рамазан-бајрам и за Велигден е мудра одлука на Комисијата за заразни болести, смета премиерот Зоран Заев.
Тој вели дека има резултати од рестрикциите, а за да не се зголемува бројот на инфицирани од коронавирус, разговарано е и со верските лидери, кои треба да гo регулираат влезот во црквите и џамиите.
„Комисијата секогаш работи стручно, навремено и мудро. Тоа се потврдува од мудроста на одлуката пред три недели кога беше достигнат врвот на кривата да донесе одлука за воведување полициски час од 20 часот и затворање на угостителските објекти со цел да ги одмори здравствените работници, но и да помогне во здравствените капацитети. Мудроста во предлагањето, инвентивноста и знаењето имаат свои содржини. Нашиот народ 85 отсто е религиозен и драго ми е што Комисијата води грижа за социјалниот живот. Од тој апсект, заедно одржавме и состанок со лидерите на верските заедници за да ги утврдиме правилата не само за Први мај и за Велигден, туку и за предвечерието за Рамазан-бајрам. Пораката ја испративме уште во понеделникот преку Филипче, ако бидеме послушни, ќе продолжи и олабавувањето на мерките. Ако се опуштиме и не ги почитуваме мерките, ќе има повторно затворање. Можеме да дозволиме достоинствено, во кругот на семејството, да се дочекаат празниците“, рече Заев.
Владата на денешната седница треба да ги изгласа предлог-мерките на Комисијата за заразни болести. Тие предлагаат полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, а за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето. Притоа предлогот е и да се отворат летните тераси на угостителските објекти. Новите ограничувања се предложени за периодот од 28 април до 15 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

