Европа
Нова афера ја тресе Велика Британија: Го предупредив премиерот, тоа е незаконско
Британскиот премиер Борис Џонсон се најде под притисок на јавноста да објасни кој го финансирал реновирањето на неговиот резиденцијален апартман на Даунинг стрит.
Само осум дена пред локалните избори во Англија, Велс и Шкотска, Џонсон се соочи со низа обвинувања, од оние за неумешно справување со епидемиската криза до прашања во врска со информациите што излњгоа од неговиот кабинет, пренесува „Ројтерс“.
Поранешната советничка за информации на британскиот премиер, Алегра Стретон, минатиот месец изјави дека сите донации, подароци и приходи се уредно пријавени, како и дека средствата на Конзервативната партија не се искористени за реновирање на резиденцијалниот апартман на Џонсон на Даунинг стрит.
Како премиер на Велика Британија, Џонсон секоја година добива 30 илјади фунти буџетски средства за одржување и опремување на резиденцијалниот апартман и тој е должен самиот да ги покрие сите трошоци над таа сума. Британските министри тврдат дека Џонсон го платил реновирањето со свои пари, но не е јасно кога го платил, ниту дали трошоците за реновирање во износ од 200 илјади фунти ги обезбедил од некој кредит, што, според важечките прописи, тој е должен да го пријави.
Опозициските лабуристи бараат објаснување и испратија барање до раководителот на секторот за јавна администрација да почне истрага за изјавите дадени на почетокот на годината од поранешната советничка за информации на Џонсон, Алегра Стретон.
Доминик Камингс, кој беше клучен советник на Борис Џонсон за време на кампањата за брегзитот и кој му помогна да победи на изборите во 2019 година и со кого влезе во бурен раскол минатата година, го обвини Џонсон минатата недела дека бара од донаторите тајно да ги плаќаат трошоците за реновирање на резиденцијалниот апартман на Даунинг стрит.
Камингс тврди дека го предупредил премиерот на Велика Британија дека ваквите договори се неетички, безумни и веројатно незаконски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.