Македонија
Милошоски: Филипче, наместо да се заминава со набавка на вакцини, трчаше по провизии
Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава при теренска посета на Битолско рече дека справувањето со корона-кризата од страна на министерот Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот.
Милошоски потенцира дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посериозно се занимавал со справување со здравствената криза, Македонија немаше да има огромен број починати и сериозна економска штета.
„Сметам дека справувањето со корона-кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство, Венко Филипче, наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија, тој трчаше по провизии и Македонија остана, за жал, земја во регионот што има најмалку имунизирано население“, рече Милошоски.
Милошоски додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза и за огромниот број загубени животи и работни места министерот за здравство, Филипче, и премиерот Заев не носат само морална одговорност, туку и здравствена и законска одговорност за штетата што е направена.
„Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава, покажува дека Филипче и Заев не носат само морална, туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев-Филипче со непреземање навремени дејства ѝ нанесе голема здравствена и економска штета на државата“, заклучи Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово
Сообраќајот на патниот правец P1105 – Удово – Валандово, кој поради излевање на Калковска Река беше во прекин, е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 05:25 часот и се пренасочуваше на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

