Свет
Од вечерва Турција под целосен карантин
Во Турција вечерва почнува првата целосна блокада. Граѓаните се подготвуваат за строгите мерки; улиците се преполни, има навалица во трговските центри и голем метеж во сообраќајот.
Некои побрзале до главната автобуска станица за да го напуштат Истанбул, а други се обиделе да складираат алкохол поради веста за делумна забрана за купување такви производи.
Во истиот период минатата година Турција беше пример за успешна приказна во борбата против пандемијата. Таа дури беше пофалена од Светската здравствена организација. Но, една година подоцна земјата се најде меѓу најпогодените од коронавирусот, со најголема стапка на зараза во Европа.
Турските власти остануваат горди на релативно нискиот вкупен број смртни случаи (околу 39.000) и веруваат дека пандемијата, благодарение на силниот здравствен систем на земјата, сè уште е под контрола. Но, големиот пораст на бројот на случаи е загрижувачки.
Минатиот ноември Турција воведе втор сет на ограничувачки мерки, а во средината на февруари бројот на дневни случаи се намали на 6.000. Но, штом владата почна да ги олеснува мерките во март, нов бран ја погоди Турција.
Затоа властите воведоа нови мерки на почетокот на април, но тоа веќе не беше доволно за да се запре ширењето на инфекцијата. Во екот на овој бран во април имаше повеќе од 60.000 нови инфекции на ден и повеќе од 300 смртни случаи.
Експертите сметаат дека турските власти ги укинаа ограничувачките мерки прерано и дека не ја спроведоа програмата за вакцинација доволно бргу.
Досега повеќе од 22 милиона луѓе се вакцинирани во Турција, која има околу 82 милиона жители. Турција најмногу ја користеше кинеската вакцина „синовак“, но и некои дози од вакцината на „Фајзер“ и руската „спутник В“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

