Европа
Европскиот парламент бара ковид-сертификатот да биде гаранција за слободно движење
Европратениците денес објавија дека потврдите за Ковид-19, чија цел е да го олеснат патувањето во Европската Унија, треба да бидат доволни за да се обезбеди слободно движење на луѓето во текот на претстојното лето.
Европратениците го објавија својот став во врска со предлогот на Европската комисија наведувајќи дека владите на ЕУ не треба да воведуваат карантини, тестови или мерки за самоизолација на лица што имаат сертификат.
Европската комисија, извршното тело на Унијата, минатиот месец предложи да се издадат сертификати на граѓани на ЕУ, кои може да докажат дека биле вакцинирани, на оние кај кои имале негативен тест на вирусот или имаат доказ дека го прележале вирусот.
Кога станува збор за вакцините вклучени во програмата, пратениците се согласија со предлогот на Европската комисија сите вакцини одобрени од Европската агенција за лекови да бидат автоматски признати. Тие исто така им понудија на земјите од ЕУ можност да вклучат други вакцини одобрени од Светската здравствена организација за итна употреба.
Европската комисија има цел да поттикне патувања меѓу земјите членки за време на пандемија. Сепак, бидејќи контролата на границата е одговорност на земјите членки, секоја од 27-те земји членки на ЕУ ќе има право да постави дополнителни услови за да дозволи влез на нивната територија.
„Која е целта да се има заеднички европски план ако тогаш земјите членки може да ја игнорираат потврдата и да воведат дополнителни ограничувања. Граѓаните ги сакаат своите права, ја сакаат својата слобода, сакаат да патуваат“, рече Софи Инт Велд за време на дебатата.
По вчерашното гласање, чии резултати беа објавени денес, преговорите меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет може да почнат, со цел одобрување на договорот во јуни пред летната сезона.
Во својата резолуција европратениците додадоа дека земјите членки треба да обезбедат универзално, достапно, навремено и бесплатно тестирање, со цел да се избегне дискриминација на оние што сè уште не биле вакцинирани и кои ќе може да патуваат доколку покажат негативен ПЦР-тест.
Според предвидувањата на Европската комисија, околу 70 проценти од возрасната популација на ЕУ ќе биде вакцинирана до крајот на летото.
Во март Европската комисија предложи да се укинат сертификатите кога Светската здравствена организација ќе прогласи крај на пандемијата.
Европратениците изјавија дека сертификатите треба да важат најмногу 12 месеци и не треба да служат како патна исправа ниту треба да станат услов за остварување на правото на слободно движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.