Македонија
Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места
Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места и илјадници вредни работници редовно да земаат повисоки плати и минималец повисок за 6.000 денари. Ова го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев со видео обраќање по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
„На прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник“, вели Заев во обраќањето.
Премиерот е задоволен што преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, Владата успеала да ги задржи работните ангажмани на многу работници и на тој начин да ја одржи економијата жива и динамична. Со тоа, како што вели Заев, уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество.
„И покрај ударот од глобалната Ковид криза, платите продолжија да растат – и ќе растат понатаму. За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник годишно. И ќе расте. Платите особено пораснаа во здравството, образованието, но и во армијата, во полицијата и во социјалниот сектор. А со субвенциите за придонеси на фирмите, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати. Историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање“, додава Заев.
Оценува дека економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни, а економијата е стабилна.
Заев во обраќањето посетува и дека недела ќе биде неработен ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

