Спорт
Годишнина од смртта на Аиртон Сена
На денешен ден пред точно 27 години, на трката за Големата награда на Сан Марино, смртно страдаше легендарниот бразилски возач Аиртон Сена.
Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, животот го загуби на 34-годишна возраст.Тој ден, на патеката „Енцо и Дино Ферари“, при брзина од преку 300 километри на час, на откажа управувачот во болидот на „Вилијамс“. Во полна брзина Сена удри во ѕидот во свиокот „Тамбурело“.
Ден претходно, на истата патека, за време на квалификациите, речиси на истото место смртно страдаше и младиот Австриец, Роланд Раценбергер.
Овие две трагедии, засекогаш ги сменија работите во Формула 1.
Аиртон Сена, во кариерата, победил на 41 трка, а уште 39 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Освоил три шампионски титули (1988, 1990, 1991) сите како возач на Мекларен.
Запаметен е како кралот на квалификациските сесии. Никој како Сена не возел на трките во врнежливи услови.
И сега, по 27 години, многумина се прашуваат што ќе се случуваше со овој спорт, доколку не се случеше оваа трагедија.
Сена беше еден и единствен, различен од сите по начинот на возење.
Некои не го сакаа, на многумина им беше идол, но едно е сигурно, беше и остана недопирлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити и Њукасл се во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити и Њукасл изборија пласман во полуфиналето на Лига куот.
Сити на домашен терен го победи Брентфорд со 3:0. Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Рајан Шерки во 32-та минута и Савињо во 67-та.
Францускиот фудбалер, овогодишно засилување од Лион, ја потврди својата класа. Посебно внимание заслужува голот што го постигна: откако ја прими топката веднаш надвор од шеснаесетникот, се ослободи противникот, а потоа испрати „ракета“ во голот на гостите.
Францускиот фудбалер на тој начин го најави пласманот на Сити во полуфиналето на натпреварувањето за прв пат од 2021 година, кога „граѓаните“ го кренаа пехарот.
Потврдата за триумфот и пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лига купот дојде во 67-та минута кога со малку среќа погоди Савињо.
Њукасл во драматичен меч го победи Фулам со 2:1. Јоан Виса постигна гол за „страчките“ во 10-та минута, но шест минути подцна изедначи Лукиќ.
„Мирисаше“ на пенали во дождливиот Њукасл, но Мајли со глава во втората минута од судиското продолжение му ја донесе победата на домашниот тим.
Покрај Сити и Њукасл, во фазата Топ 4 се пласираше и Челзи, додека наредниот вторник ќе играат Арсенал – Кристал Палас.
Полуфиналето на Лига Купот се игра во два натпревари.
Спорт
(Видео) Атлети и Реал поминаа на „мускули“, Виљареал и Селта испаднаа од Купот на Кралот
Фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид се провлекоа во осминафиналето на Купот на Кралот, додека од ова натпреварување испаднаа Виљареал и Селта.
Атлетико, победи со 3:2 кај членот на Четвртата лига, Атлетико Балеари, а Реал со ист резултат победи кај Талавера. Виљареал загуби во Снатандер, од Расин со 2:1, а Селта доживеа елиминација од Албасете, по изведувањето пенали.
Атлетико Мадрид во првите 20 минути постигна два гола, преку Гризман и Распадори и тука застана. Домаќинот намали во првиот дел, а потоа имаше и неколку добри шанси за 2:2. Кога Гризман постигна гол се чинеше дека е се решено, но екипата од Балерати доби пенал во 80-та минута, Мусо успеа да одбрани, потоа Аргентинецот имеше една брилијантна интервенција. Во 90-та минута, Балеарите добија уште еден пенал, а Kејта ги постави кончните 2:3.
Сличен меч одгра и Реал, Мбапе погоди за 0:1, а потоа Фарандо постигна автогол за 0:2. Аројо намали на 10 минути до крајот, Мбапе постигна гол во 88-та минута. Во следниот напад Талавера не доби пенал, а Ди Ренцо во 91-та минута намали на 2:3. Продолженија спречи голманот Луни со брилијанта интервенција во 93-та минута.
Расинг во целост го надигра Виљареал, тим кој се наоѓа на третото место во Примера. Арана влезе во натпреварот „наоштрен“ и практично му донесе победа на својот тим со два гола во шестата и 28-та минута.
Виљареал го постигна единствениот гол во 86-та минута кога Перез постигна гол.
Селта доживеа ѓок во Албасете во 93-та минута кога домашниот тим изедначи на 2:2. Во прдолженијата немаше голови, а во пенал серијата, Албасете постигна три, а Селта ниту еден гол. Пеналите не ги реализираа Мингеса, Алварез и Јаго Аспас.
Спорт
(Видео) Голманот Сафонов апсолутен херој, ПСЖ го освои Интерконтинеталниот куп
Фудбалерите на ПСЖ го освоија Интерконтинеталниот куп. Во Ал Рајан, европскиот првак го победи шампионот на Јуѓна Америка, Фламенго, по избедувањето пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1:1, а пенал серијата ја добија „светците“ со 2:1.
Рускиот голман Матвеј Сафонов, му го донесе на ПСЖ трофејот. По пенал серијата одбрани четири од петте обиди на играчите на Фламенго.
Откако Де ла Круз погоди во првата серија, Сафонов потоа ги одбрани ударите на Саул Нигез, Педро и Лео Переира, Луис Араухо.
Не блескаа ниту играчите на ПСЖ, Витња и Нуно Мендеш погодија во првата и третата серија, а Роси ги одбрани пеналите на Дембеле и Баркола.
Во регуларниот дел стрелци беа Кварацхелија во 38-та минута за ПСЖ и Њоргињо во 62-та од пенал за Фламенго.
Foto/ depositphotos

